Русија се повлече од Договорот за извоз на украинското жито, расте опасноста за снабдувањето со храна во светот

July 17, 2023
3 mins read

САД и Велика Британија  ја осудија одлуката на Русија да го суспендира своето учество во Иницијативата за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море (БСГИ), за која велат дека ќе ја влоши безбедноста на храната и ќе стави во опасност милиони луѓе, и го повикаа Кремљ да го повлече тој потег

Русија денеска се повлече од Договор за извоз на украинското жито, кој беше постигнат со посредство на Обединетите нации (ОН) и Турција.

„Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море денеска престана да важи и нема да биде продолжен бидејќи не е исполнет делот од него што се однесува на Москва. Како што претходно најави претседателот на Русија, по неговото истекување на 17 јули, договорот нема да биде продолжен бидејќи делот што се однесува на Русија сè уште не е спроведен“,

соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Москва веднаш ќе се врати на примената на Договорот штом почнат да се исполнуваат обврските наведени во меморандумот меѓу Русија и ОН за отстранување на пречките за извоз на руски прехранбени производи и ѓубрива.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска дека милиони луѓе кои се соочуваат со глад ќе ја „платат цената“ на одлуката на Русија да се повлече од договорот за жито со Украина. Тој во изјава во седиштето на Обединетите нации во Њујорк нагалси дека потегот на Москва „ќе им нанесе удар насекаде на луѓето кои имаат потреба“.

„Стотици милиони луѓе се соочуваат со глад, а потрошувачите се соочуваат со глобална криза на трошоците за живот. Тие ќе ја платат цената“,

рече Гутереш.

Денеска САД и Велика Британија  ја осудија одлуката на Русија да го суспендира своето учество во Иницијативата за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море (БСГИ), за која велат дека ќе ја влоши безбедноста на храната и ќе стави во опасност милиони луѓе, и го повикаа Кремљ да го повлече тој потег.

„Ја повикуваме владата на Русија веднаш да ја повлече одлуката за повлекување од договорот за извоз на жито преку Црното Море“,

изјави советникот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Хоџ.

Лондон, исто така, бара Русија да го обнови БСГИ и да се заложи за целосно спроведување на договорот.

„Во едностраниот потег што доведе до колапс на БСГИ, Русија ја искористи храната како оружје и го спречува житото да стигне до оние на кои им е најпотребно. Британија го осудува очигледниот обид на Русија да им наштети на најранливите“,

изјави портпаролот на британското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изјави дека неговата земја е подготвена да продолжи со извоз на своето жито преку Црното Море и покрај најавата на Москва за раскинување на договорот.

„Дури и без Русија, мора да се направи се за да можеме да го користиме овој коридор (за извоз) во Црното Море. Не се плашиме“,

рече Зеленски.

Откако Русија се повлече од учеството во Иницијативата што гарантираше безбеден извоз на житарки преку Црното Море, цените на пченицата денеска на берзите експресно пораснаа.

ОН минатата недела соопштија дека од почетокот на август минатата година до 10 јули годинава, од три украински пристаништа на Црното Море се извезени 32 милиони тони жито во 45 земји на три континенти.

ОН минатата недела соопштија дека од почетокот на август минатата година до 10 јули годинава, од три украински пристаништа на Црното Море се извезени 32 милиони тони жито во 45 земји на три континенти.

Најголем дел од житото беше извезено во Кина, речиси осум милиони тони. Следат Шпанија и Турција со шест, односно 3,2 милиони тони. Меѓу петте главни увозници беа и Италија и Холандија, со 2,1 и два милиона тони жито.

Обединетите нации и Турција во јули минатата година посредуваа во договорот меѓу двете завојувани страни (Русија и Украина) со кој ѝ беше овозможено на Украина, која е една од клучните житници во светот, да испорачува храна и ѓубрива од трите нејзини пристаништа на Црното Море. Како дел од договорот беше формиран заеднички координативен центар за проверка на бродовите и следење на нивната пловидба.

Потпишан во јули 2022 година во Истанбул, договорот веќе двапати беше обновен.

Кон средината на мај Москва се согласи да го продолжи Договорот за два месеци и тој важеше до денеска.

Договорот овозможи 33 милиони тони жито да се извезат преку украинските пристаништа минатата година и покрај конфликтот.

Во април годинава, Полска, Унгарија и Словачка донесоа одлуки за привремено прекинување на увозот на жито и други земјоделски култури од Украина поради стравувања дека презаситеноста со овие култури ги намалува цените и ja загрозува продажбата од страна на локалните земјоделци.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вархеји од Тирана: Посветени сме на спроведување на новата стратегија за раст на Западен Балкан

Следно

Во Грција денеска беснееле 81 пожар, за еден од нив уапсени се две лица

Latest from Blog

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил

Казни од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти

реку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти

Турскиот претседател ја нагласи потребата од развивање прецизни, трајни и долгорочни политики за миграцијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи потребата да се пристапи кон миграцијата од сеопфатна перспектива и соодветно да се развијат прецизни, трајни и долгорочни политики, јавува Анадолу.

ОН: Над 60 милиони жени и девојки принудено раселени се соочуваат со висок ризик од родово насилство

ЖЕНЕВА (АА) – Агенцијата за бегалци на Обединетите нации денес алармираше поради огромниот скок на ризикот од родово базирано насилство врз жените и девојчињата принудени да бегаат со оглед на тоа што
Go toTop