Вархеји од Тирана: Посветени сме на спроведување на новата стратегија за раст на Западен Балкан

July 17, 2023
1 min read

„Заедно со премиерите на Албанија, Србија, Северна Македонија и Црна Гора разговаравме како да се забрза економската и социјална интеграција на Западен Балкан, како и за нова стратегија за раст за Западен Балкан“, напиша еврокомесарот за прошрување на Твитер по неформалната средба во Тирана

Европската Унија (ЕУ) е посветена на брзото спроведување на новата стратегија за раст на Западен Балкан, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји од денешната неформална средба во Тирана на која присуствуваа премиерите на четири земји од регионот – С Македонија, Србија, Албанија и Црна Гора.

„Заедно со премиерите на Албанија, Србија, Северна Македонија и Црна Гора разговаравме како да се забрза економската и социјална интеграција на Западен Балкан, како и за нова стратегија за раст за Западен Балкан. Посветени сме на брза имплементација на овој план за конвергенција“,

напиша Вархеји на Твитер.

Денешната неформална средба на премиерите од земјите од Западен Балкан, на која присуствуваше и Вархеји, ја организира албанскиот премиер Еди Рама како дел од подготовките за самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври, со оглед на тоа што оваа година Албанија претседава со Берлинскиот процес.

Рама неодамна ги посети земјите од Западен Балкан со цел да се координира со лидерите за развој на заеднички барања, кои би биле претставени на октомврискиот самит на Берлинскиот процес.

Берлинскиот процес е иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, започната во 2014 година со цел да се поддржи мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан, за подобрување на регионалната соработка и европската интеграција на регионот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внукот на Слободан Милошевиќ преку партијата на дедо му влегува на голема врата во српската политика

Следно

Русија се повлече од Договорот за извоз на украинското жито, расте опасноста за снабдувањето со храна во светот

Latest from Blog

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и

Божиновска: Пред студентите во Виена ги претставивме приоритетите на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më
Go toTop