Бектеши на наредна владина седница ќе ги презентира сите судски одлуки за рудникот во Иловица, вели Ковачевски

July 16, 2023
2 mins read

Премиерот Димитар Ковачевски не одговори директно дали се чувствува изигран од министерот за економија Крешник Бектеши, откако тројца министри од СДСМ за ИРЛ кажаа дека Бектеши ги измамил да гласаат за дополнителна точка на владина седница – без расправа, велејќи им дека Управен суд донел одлука за спојување на концесиите

Димитар Ковачевски – премиер на РСМ

Министерот за економија Крешник Бектеши на наредната владина седница ќе ги презентира сите судски одлуки поврзани со концесиите за рудникот Иловица-Штука, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Toj не одговори директно дали се чувствува изигран од министерот, по објавата на ИРЛ дека Бектеши ги измамил колегите со дополнителна точка за спојување на концесиите на владина седница.

„На следната седница на Влада, повторно министерот за економија заедно со неговите стручни служби, ќе ги информира сите министри за понатамошната постапка со сите документи од 2012 година, бидејќи не се работи само за една судска одлука. Меѓутоа, јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина, и на претседателот на Владата дека рудник не може да има, ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот кадешто се дадени тие две концесии“,

кажа премиерот денеска.

Ковачевски неколкупати повтори дека концесиите се дадени во времето на Никола Груевски, а според него, рудници нема благодарение на тоа што Владата на СДСМ води постапка да не се отворат.

Тој посочи и дека државата е ставена во судски лавиринти поради концесиите дадени во времето на Груевски.

„Се работи за одлуки од времето на ВМРО-ДПМНЕ, заради кои државата е сега ставена во судски лавиринти. Се работи за голем број на судски одлуки, од коишто – дел се во корист на странскиот инвеститор којшто ги има во тоа време добиено концесиите и Министерството за економија, согласно тие одлуки носени на судовите, ќе мора да дојдат на следната седница на Влада и да ги презентираат сите одлуки. Она што е интенција на Владата е прво, која било одлука за отворање на рудник, да биде во согласност со очекувањата на граѓаните. Односно, ако граѓаните во општините од југоистокот се против отворање на рудници, тогаш рудници нема да има. Тоа е различен став од она што го имаше ВМРО-ДПМНЕ“,

кажа Ковачевски.

Премиерот повтори дека се работи за стари концесии и дека демократска придобивка е што новинарите сега можат да поставуваат прашања кои не смееле да ги постават за време на владеењето на Груевски.

„Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и во 2013 година, од страна на Влада на ВМРО-ДПМНЕ, од премиерот Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски кој сега е лидер на партијата. Тие рудници се во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и во изборите за 2016 и општините во тоа време раководени од градоначалници избрани од ВМРО-ДПМНЕ, општините Босилово и Ново Село, носат одлуки за отворање на рудник Иловица за бакар и злато. Во тоа време не постоеше можност во јавноста, во медиумите, да се отвори дискусија, бидејќи во тоа време Груевски и соработнциите ги редеа вестите и никој не смееше да праша. Затоа ова е демократска придобивка, овозможува да се дознае дека не се работи за никакви нови концесии туку за стари, одобрени од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон странски инвеститор“,

рече Ковачевски.

Истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ, повикувајќи се на изјави на тројца министри (Каја Шукова, Оливер Спасовски и Славјанка Петровска), објави дека одлуката за спојување на концесиите дошла како дополнителна точка на владина седница, на предлог на министерот за економија Крешник Бектеши.

Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“ затоа што Министерството за економија на владина седница презентирало документ кој тврди дека Управниот суд барал од Владата да ги спои концесиите.

Министрите не биле запознаени со суштината на предметот, а дел од нив сега бараат одлуката да се ревидира.

Овие нагли промени доаѓаат откако фамилијата Дестани, блиска до ДУИ и лидерот Али Ахмети, купува удели во компанијата „Еуромакс ресоурцес“. 

Инаку, вчера во Струмица се одржа протест против рудниците. Активистите најавија жестока битка за заштита на струмичката котлина. Велат дека ќе се борат на секое можно ниво – од општинските совети, па сè до највисоките државни истанци.

Обвинија и за политички игри и порачаа дека ќе ги казнат на избори сите лицемерни актери.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ирина Муресану и Оркестарот на Институтот „ FAMES“ приредија незаборавна вечер на „Охридско лето“

Следно

Шефот на турската дипломатија се состана со малезискиот премиер Ибрахим

Latest from Blog

Курир неофицијално дознава: Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето (ВО ЖИВО)

Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето. Курир од извори во МВР, неофицијално дознава дека за инцидентите со македонското знаме приведени се неколку лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Возобновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија

Халкбанк АД Скопје, во рамки на својата платформа за одржлив развој и заштита на животната средина HalkEco, изминатиот период ги заврши активностите за повторно обновување на 19 пешачки мостови во Градскиот парк,

ДУИ: Го осудуваме чинот на палење на државното знаме, но и полициската интервенција за време на прославата на Денот на албанското знаме

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и

Осуда од сите страни за сквернавењето на македонското знаме- надлежните органи постапуваат по настанот, МВР со прес

Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје. Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други

СПМ најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме

Социјалистичката партија на Македонија најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме. -Директно ги посочуваме виновниците кои на вандалски начин го сквернавеа македонското знаме. Тоа претставува чин на непочитување на
Go toTop