ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА И АКТЕРКА ЏЕЈН БИРКИН

July 16, 2023
1 min read

Англиско-француската актерка и пејачка Џејн Биркин почина на 76 години, објавија француските медиуми. Таа беше позната по професионалниот и приватен однос со францускиот музичар Серж Гензбург и важеше за стилска икона на 1960-ите и 1970-ите.

Биркин е родена во Лондон, но се прослави во Франција, каде што се пресели во 1970-ите. Француските медиуми објавија дека била пронајдена мртва во својот дом во Париз.

Нејзината лична и уметничка врска со Гензбург ја направи славна низ светот, што особено се должи на песната „Je t’aime… moi non plus“. Тие го снимија хитот во 1968, откако се запознаа на снимањето на филмот „Слоган“.

Нивната врска траеше 12 години, но и по разделбата останаа пријатели, при што Гензбург продолжи да пишува песни за неа.

Биркин исто така беше модел кој наметнуваше модни трендови.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владица Брдаровски повторно фудбалер на ФК Вардар

Следно

Ирина Муресану и Оркестарот на Институтот „ FAMES“ приредија незаборавна вечер на „Охридско лето“

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop