Вучиќ: Пред Србија е тешка година – една од најтешките во модерната историја

January 18, 2023
1 min read

Во сабота или недела ќе и се обратиме на јавноста со нови мерки и ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и санкциите против Русија, рече Вучиќ

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Давос изјави дека Србија се соочува со критична година, веројатно една од најтешките во модерната историја на политички и економски план.

Тој на Светскиот економски форум во Давос изјави дека од разговорот може да се види дека единственото нешто што сите ги интересира се санкциите против Русија и независноста на Косово.

Како што рече, в петок ќе се сретне со претставниците на Германија, Франција, САД, Италија и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, и оцени дека тоа ќе биде „многу, многу тежок разговор со светските најголемите сили“.

Тој додаде дека потоа ќе има консултации на државниот врв.

„Во сабота или недела ќе и се обратиме на јавноста со нови мерки и ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и санкциите против Русија“,

рече Вучиќ.

Запрашан за изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека може да се постигне договор во следните неколку месеци доколку има волја, Вучиќ рече: „Тоа може да се направи задутре, доколку се откаже од своите сецесионистички намери“.

Тој додаде дека Европскиот парламент усвоил резолуција во која делот за Косово е многу попроблематичен во однос на воведувањето санкции против Русија.

Како што рече, тие го поздравија барањето за членство на Косово во ЕУ, повикаа на интензивирање на процесот на дијалог заснован на взаемно признавање и ги осудија ескалирачките потези на Србија, како и констатираа дека независноста на Косово е неповратна и ги повикаа земјите членки кои го немаат признаено Косово да го сторат тоа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат

Следно

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Latest from Blog

Божиновска со порака за 8 Март: Ниту една жена не смее да се чувствува небезбедно

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска сподели лична порака за предизвиците со кои се соочувала на почетокот од својата кариера,

Во регионот на Барселона ќе се користи водородно возило произведено во Македонија

Општината Sant Cugat del Vallès, во провинцијата Барселона, набавува водородно комунално возило од брендот Грин Машинс, произведено во фабриката на БРАКО во Велес. Станува збор за современо возило на водороден погон од најновата генерација,

Комерцијална банка доминираше во прометот – февруари со 393,21 милиони денари и 1.470 трансакции (01–27.02)

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 01.02.2026–27.02.2026, на Македонска берза беа реализирани 1.470 трансакции со вкупен промет од 393.212.084 денари (вкупно сите

Трамп до Стармер: НЕ НИ ТРЕБАТЕ КОГА ВЕЌЕ СМЕ ПОБЕДИЛЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака упатена до британскиот премиер Кир Стармер на својата социјална мрежа Truth Social, во која коментираше за евентуалното британско воено вклучување на Блискиот Исток. Трамп повторно го
Go toTop