Шоле: САД секогаш ќе ја поддржуваат С Македонија на патот кон ЕУ, но следниот чекор напред зависи од вас

July 14, 2023
2 mins read

Тој нагласува дека САД и Северна Македонија се „непоколебливи партнери“ повеќе од 30 години и дека САД ќе продолжат да инвестираат во државата

Фото: EPA-EFE/STR

Следниот чекор напред кон Европската Унија зависи од вас и знајте дека САД секогаш ќе бидат со вас. Убеден сум дека претставниците на народот ќе постапат во најдобар интерес на земјата и ќе ја водат напред, вели во изјава за МИА Дерек Шоле, советник во Стејт Департментот на САД.

„Имате постигнато многу во вашите три децении независност, а тоа го постигнавте и покрај фрустрациите кога вратите една по друга ви се затвораа пред вас. Со храброст и пожртвуваност ја отворивте вратата за влез во НАТО, и ние бевме покрај вас кога влеговте. Сега се отвори уште една врата. Како што неодамна изјави амбасадорката Анџела Агелер, во сржта на вашата одлука е вашиот народ“,

рекол Шоле.

Според него, постигнувањата и отпорноста на Северна Македонија се вистинска инспирација.

„САД се горди што се со Северна Македонија додека таа успешно ги остварува заедничките цели. Северна Македонија долги години беше партнер на САД во делот на безбедноста, а за само неколку години веќе се покажа и како силен сојузник во НАТО. Извонредното претседавање на земјата со ОБСЕ, како вистински лидер, во овие клучни моменти е од витална важност за нашите напори во борбата против ширењето на дезинформации од страна на Русија и за поддршка на Украина. Заедно направивме важни чекори во јакнењето на демократските институции, владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Ова е само почеток на едно силно партнерство кое ги надминува границите на нашите земји и се протега до регионалната безбедност и глобалните предизвици“,

вели Шоле.

Тој нагласува дека САД и Северна Македонија се „непоколебливи партнери“ повеќе од 30 години и дека САД ќе продолжат да инвестираат во државата.

„Нашите односи се повеќе од едноставни фрази на поддршка и охрабрување. Ние сме инвестирале во вас и ќе продолжиме да инвестираме од едноставна причина: сакаме да успеете. Инвестираме во вас бидејќи силата, отпорноста и просперитетот на вашата земја придонесуваат да ни биде подобро на сите нас. И токму поради нашите трајни врски и заеднички интереси, сакаме да ја обезбедите вашата иднина како силна европска држава. Ова беше мојата порака кога го посетив Скопје на почетокот на оваа година, и повторно минатиот месец кога учествував на средбите на државниот секретар Блинкен со премиерот Ковачевски и со министерот за надворешни работи Османи во Вашингтон. Од прва рака чув за напорите што вашата Влада и граѓаните ги прават за остварување на вашите цели за евроатлантска интеграција. Ние силно ги поддржуваме овие напори“,

вели Шоле за МИА.

Советникот во Стејт департментот на САД натаму наведува дека двете држави се силни мултиетнички општества, длабоко посветени на заедничките вредности, вклучително човечкото достоинство и просперитетот за сите граѓани.

„Како динамични демократии ги избираме нашите претставници за да носат одлуки и да прават тешки избори. Иако демократскиот процес секогаш е пропратен со политички несогласувања и поентирање, вашиот избор не смее да биде на штета на клучните реформи и владеењето на правото. На крај, јас сум убеден дека претставниците на народот ќе постапат во најдобар интерес на земјата, и ќе ја водат напред“,

изјавил Шоле.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Навални: Сто дена по ред пред ќелијата ми го пуштаат истиот говор на Путин

Следно

Хрватска: Утрово испратени дојави за бомби на повеќе локации во Загреб

Latest from Blog

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа. Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. „Нека ни

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот
Go toTop