За Путин влегувањето на Украина во НАТО е загрозување на безбедноста на Русија

July 13, 2023
1 min read

Заканата за членство на Украина во НАТО е токму една од причините за воената интервенција на Русија во таа земја во февруари 2022 година, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека испораките на западно оружје за Украина нема да сменат ништо на бојното поле, освен дополнително ескалирање на конфликтот.

Тој истакна дека тенковите од странско производство се „главна цел“ на руската армија.

Во изјава за државната телевизија, по самитот на НАТО во Вилнус, каде на Украина и беше ветено идно членство, Путин го повтори својот став дека членството во Алијансата ќе ја загрози сопствената безбедност на Русија и ќе ги ескалира тензиите на глобално ниво.

Тој додаде дека заканата за членство на Украина во НАТО е токму една од причините за воената интервенција на Русија во таа земја во февруари 2022 година.

„Снабдувањето со ново оружје само ќе ја влоши ситуацијата и дополнително ќе го поттикне конфликтот“,

рече Путин.

Според него, членството во Северноатлантската алијанса нема да ја зајакне безбедноста на Украина и ќе го направи светот многу поранлив. 

Запрашан за одлуката на Франција да и достави на Украина ракети со долг дострел кои можат да поминат 250 километри, Путин рече дека „тие предизвикуваат штета“.

„Со нивната употреба, ништо пресудно не се случува во воената зона“,

рече тој.

Денеска, пак, американскиот претседател Џо Бајден рече дека војната во Укарина не би требло да трае со години и додаде дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја изгубил војната.

Тој додаде дека Русија не може да ги одржува своите ресурси толку долго, а Путин веројатно на крајот ќе одлучи дека тоа не е во интерес на земјата ниту економски, политички или во некоја друга смисла.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шкупи со убедлив триумф на гостувањето во Литванија

Следно

Шкендија со минимална предност ќе оди на реваншот во Велс

Latest from Blog

Кина повлекува над 4 милиони возила поради ОПАСНОСТ ОД СКРИЕНИТЕ РАЧКИ НА ВРАТИТЕ

Кина иницираше повлекување на повеќе од четири милиони возила поради безбедносни проблеми со скриените рачки на вратите кои се вовлекуваат во каросеријата. Мерката опфаќа 2,98 милиони автомобили на Tesla произведени во Кина,

Активни четири пожари и четири под контрола

Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување

Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

Инвестицијата во рудникот за бакар во Иловица може да придонесе за развој на целиот југоисточен регион, сметаат жители од локалната заедница кои ја поддржуваат реализацијата на проектот. Како една од најзначајните потенцијални

Собранието со демант: Нема приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува или плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба, откако во повеќе медиуми беа објавени информации дека институцијата набавува ваков вид
Go toTop