Ердоган: Туркије сака дополнително да ги зајакне врските со Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ

July 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије сака дополнително да ги зајакне своите врски со Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред претстојната посета на земјите од Заливот, јавува Анадолу.

„Имаме надеж во оваа посета. Ги испратив моите пријатели пред време. Тие ги посетија Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ. Ќе ги посетиме (овие земји) со делегација. Би сакале дополнително да ги зајакнеме сите видови односи меѓу нас преку патување во Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ“, им рече Ердоган на новинарите на враќање од дводневниот Самит на НАТО во Литванија.

Се очекува Ердоган да ги посети Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ од 17 до 19 јули.

Пред Ердоган, потпретседателот на Туркије, Џевдет Јилмаз, и министерот за трезор и финансии, Мехмет Шимшек, престојуваа во посета на Катар за да разговараат за економската соработка.

„За време на прелиминарните посети, нашите пријатели дадоа одредени информации. На нашите претходни состаноци тие рекоа: ‘Подготвени сме да направиме значителни инвестиции во Туркије.’ Ќе го финализираме ова преку оваа посета“, рече Ердоган, додавајќи дека овие инвестиции би можеле да бидат во Туркије, Саудиска Арабија, Катар или ОАЕ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Порака од ЕУ – ако нема уставни измени, на С Македонија ѝ се заканува да биде исфрлена од ЕУ-патот

Следно

Рамос би можел да ја продолжи кариерата во Бразил

Latest from Blog

Интер Мајами откри каква би можела да биде идната улога на Меси во клубот

Фото: Интер Мајами/Твитер Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето. „Ќе дојде време кога Меси

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма
Go toTop