Тешка сообраќајка на „Гологанов“, сообраќајот се пренасочува по околните улици

July 12, 2023
1 min read

Тешка сообраќајна незгода во која учествуваа две возила и според првичните информации едно лице е повредено се случи вечерва во скопската населба Тафталиџе. 

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, односно на раскрсницата со булеварот „8-ми септември“. Според првични и неофицијални информации едно лице е повредено во несреќата.

Пред неколку минути интервенирала Итната помош, а во моментов полицијата го обезбедува местото на настанот.

Поради несреќата булеварот „„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во правец од Центар кон Ѓорче Петров, целосно е затворен за сообраќај и возилата се пренасочуваат по околните сообраќајници.

Подетални информации од полицијата се очекуваат за утрешниот ден.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во октомври турскиот парламент ќе одлучува за влез на Шведска во НАТО

Следно

Астон Вила го претстави Пау Торес

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop