Почина Милан Кундера (94), авторот на „Неподносливата леснотија на постоењето“

July 12, 2023
3 mins read

Чешкиот писател беше замолчен во родната земја, но достигна меѓународна слава по преселбата во Париз, Франција, пред се со своите филозофско-литературни романи

„Глупавоста на луѓето потекнува (од обидот н.з.) да се има одговор на се. Мудроста на книгата потекнува (од обидот н.з.) да се има прашање за се“. Ова е само една од десетиците познати цитати на Милан Кундера, можеби најпознатиот европски писател на втората половина на 20-тиот и раниот 21 век, кој никогаш не ја доби Нобеловата награда за литература.

Тоа што го направи голем писател, сепак, беа неговите книги во кои најчесто го истражуваше битисувањето (постоењето) и предавството, пишува Гардијан. Неговата кариера траеше повеќе од половина век, во кои напиша поеми, драми, есеи и романи. Токму еден роман е синоним за Кундера – „Неподносливата леснотија на постоењето (Nesnesitelná lehkost bytí).

Овој роман Кундера го напиша во 1982 година во Париз, Франција. Ќе излезе од печат дури во 1984 година и тоа првично на француски јазик. Оригиналот, на чешки, излегува една година потоа. Романот, се занимава со судбината на два пара и едно куче. Го следи нивните животи за време на Прашката пролет (1968), последователната инвазија од Советскиот сојуз и годините потоа. Нивните борби со политиката и неверството, тензијата меѓу слободата и одговорноста. Во 1988 Филип Кауфман режираше филмска адаптација, во која глумеа Даниел Деј-Луис и Жулиет Бинож. Од тогаш, Кундера стана „светска ѕвезда“. Но, не му се допадна филмот на Кауфман.

Сцена од филмот „Неподносливата леснотија на постоењето“ на Филип Кауфман

Самиот Кундера имаше два „живота“. Роден е во Брно, на 1 април 1929 година. Студира музика со неговиот татко, инаку пијанист, пред да почне да пишува. Станува предавач по светска литература на Филмската академија во Прага во 1952 година. Неговата репутација расте и покрај тоа што го одбива социјал-реализмот како стил кој им се наметнува на писателите во тогашна Чехословачка. Делото „Последниот мај“ му носи рана слава кај тогашниот режим, но подоцна во животот ќе ги отфрли бидејќи „работев во многу различни насоки, го барав својот глас“.

Тој е член на Комунистичката партија во младоста. И тоа полн со ентузијазам. Но, на два пати, партијата го исклучувала од своите редови. Еднаш поради антикомунистички активности во 1950-та, а потоа и во 1970-та, во чистката по Прашката пролет. Кундера бил еден од најгласните кои барале – слобода на говор и еднакви права за сите.

Неговиот прв роман е „Шега“ (1967). Достигнува голем успех и е директно инспириран од тогашните времиња во неговата родна земја. По советската инвазија во 1968 книгата ја снемува од библиотеките и продавниците. Кундера е ставен на „црна листа“ и ја губи дури и работата како предавач. Се издржува како џез трубач по мали гратчиња, дејност врз која комунистичката партија не ставила цензура.

Милан Кундера со сопругата Вера, по заминувањето од Чехословачка

Во 1975 година заминува за Франција, неговиот нов дом. Таму живее 40 години во егзил, бидејќи во 1979 година му е укинато чехословачкото државјанство. Од 1995, почнува да пишува на француски наместо на чешки.

„Како сите големи писатели, Милан Кундера остава неизбришливи траги во имагинациите на неговите читатели. ‘Борбата на еден човек против моќта е борба на сеќавањето против заборавот’, откога ја прочитав оваа реченица во „Книга за смеата и заборавот“ таа е со мене, го осветлува моето разбирање за настаните во светот“,

вели писателот Салмон Ружди во изјава за „Гардијан“.

Кундера важеше и за човек со длабока недоверба кон медиумите.

„Авторот, штом еднаш е цитиран од новинар, повеќе не е господар на својот збор… ова, се разбира, е неприфатливо“, ќе изјави во една прилика.

Милан Кундера.

Зборувајќи за Њујорк Тајмс во 1980 година, Кундера додава и дека „романот нема место“ во светот, додавајќи дека „тоталитарниот свет, било да е основан од Маркс, од Исламот или нешто друго, е пред се свет на одговори отколку на прашања“.

„Ми се чини дека денеска, луѓето низ цел свет претпочитаат да судат отколку да разберат, да одговорат наместо да прашаат, па гласот на романот тешко може да биде слушнат во оваа гласна будалаштина на човечки извесности“,

изјавува Кундера за Њујорк Тајмс.

Во 2008 година, Милан Кундера ќе биде обвинет дека пред 50 години, извршил предавство на чешки пилот кој работел за американското разузнавање. Кундера го прекина медиумсиот пост за да реагира одлучно дека обвинувањето е апсолутно неточно, наракувајќи ја публикацијата „убиство на еден автор“. Зад него застанаа бројни светски писатели, а информацијата подоцна се покажа како неточна, врз основа на луѓе запознаени со конкретните настани. Првичната приказна, сепак, одвреме-навреме се појавува во јавноста.

Последниот роман Кундера го објави во 2013 година.

Милан Кундера

Чешкото државјанство му беше конечно вратено во 2019 година.

Почина по долго боледување, изјави Ана Мразова, портпаролката на библиотеката „Милан Кундера“,

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски: Ќе беше идеално ако добиевме покана за членство во НАТО

Следно

Наталиа Илиевска Божиновска нов генерален секретар на ФФМ

Latest from Blog

Македонските каратисти на карате семинар во Виндзор

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија. Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски

Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите „бесплатен лет надвор од САД“

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите во земјата „да летаат бесплатно надвор од САД“, известува Анадолу. Во соопштението на Белата куќа

Студентите од регионот заедно во Скопје, бараат меѓусебно признание на дипломите и независен инвестициски фонд

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во

УАКС одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди

Денес, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори и проректор за настава

Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи, имаше само 38 години

Поранешниот српски кошаркар кој настапуваше и за Карпош Соколи, Драган Лабовиќ почина од срцев удар на 38-годишна возраст, информираат денеска српските медиуми. Лабовиќ важеше за голем талент на српската кошарка кој не
Go toTop