Зеленски: Ќе беше идеално ако добиевме покана за членство во НАТО

July 12, 2023
1 min read

НАТО денеска објави дека Украина ќе стане членка на Алијансата, но не постави краен рок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека резултатите од самитот на НАТО се многу добри, но ќе биле идеални ако Киев добиел покана да се приклучи на западната одбранбена алијанса. Тој додаде дека е важно на Украина да не ѝ треба Акционен план за членство (МАП), бидејќи поранешната советска држава веќе направила многу за усогласување со стандардите на НАТО.

„Важен резултат е одлуката дека на Украина не и треба МАП на патот кон НАТО“,

рече Зеленски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на самитот во Вилнус.

Тој рече дека украинските војници стекнале искуство во соработка со различни членки на Алијансата. Западните сојузници обучуваат илјадници украински војници, а Киев е силно зависен од западното оружје за да се бори против руските сили кои започнаа инвазија во февруари 2022 година.

НАТО денеска објави дека Украина ќе стане членка на Алијансата, но не постави краен рок. НАТО, исто така, одлучи дека Киев нема да мора да поминува низ МАП – список на политички, економски и воени критериуми што другите источноевропски земји требаше да ги исполнат на патот кон НАТО.

Зеленски рече дека во Вилнус добил позитивни вести за нови пакети воена помош од Велика Британија, Германија, Австралија и Холандија.

„Можеме да кажеме дека резултатите од самитот се добри, а да добиевме покана ќе беше идеално“,

изјави украинскиот претседател.

Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ајро и Гоџоска станаа виши обвинители, ОЈО ГОКК се „освежи“ со обвинителки од Скопје и Охрид – извисија Русковска и Ристоска

Следно

Почина Милан Кундера (94), авторот на „Неподносливата леснотија на постоењето“

Latest from Blog

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра
Go toTop