Во Скопје денеска се одржа комеморативен марш за жртвите од Сребреница

July 11, 2023
1 min read

На градскиот плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје, денеска, под слоганот „Марш за Сребреница“ се одржа комеморативен марш во знак на сеќавање на жртвите од геноцидот во босанскиот град Сребреница на 11 јули 1995 г.

На ниту еден народ, на ниедна вера и на ниедна нација никогаш не треба да ѝ се случи Сребреница – ова е главната порака што беше едногласно кажана од учесниците на маршот посветен на сеќавањето на жртвите од геноцидот од истоимениот град. Претседателот на бошњачкиот Национален совет и организатор на маршот, Џеват Хот, кажа дека масакрот кој е направен во Сребреница и кој е окарактеризиран како геноцид е нешто најголемо и најстрашно што му се случило на босанскиот народ и затоа сите треба да се сеќаваат на овој ден и да им оддадат почит на убиените.

„Денеска се сеќаваме на страшното злосторство, геноцид кој е сторен во нашата матична држава Босна и Херцеговина, каде се убиени преку осум илјади Бошњаци. Убиени се многу повеќе Бошњаци во тие денови, но масакрот кој е направен во Сребреница и кој според меѓународниот суд е окарактеризиран како геноцид е нешто најголемо и нешто најстрашно“,

рече Хот.

Фото: МИА

Во пресрет на маршот беше одржана ликовна средба на уметници кои овие денови изработувале уметнички дела за Сребреница, и тие беа изложени на плоштадот „Македонија“.

„Со нивните слики уметниците сакаа да го покажат страшното злосторство што се случило. Имавме уметници од цела поранешна Југославија и сите тие се здружија со цел на луѓето од целиот свет да им испратат порака дека ова што се има случено во Сребреница да не се повтори веќе никаде и никогаш. Сведоци сме дека сега нешто слично има во Украина, што не треба да се случи“,

изјави Хот. 

Масакрот во Сребреница, кој е попознат и како Геноцидот во Сребреница, бил извршен во периодот од 11 до 23 јули 1995 г. во војната во Босна и Херцеговина од страна на војската на босанските Срби. Во геноцидот се убиени над 8 000 босански муслимани, претежно мажи, во и околу градот Сребреница.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сега не е време за прием на Украина во НАТО, се согласиле сојузниците

Следно

Аферата „Ботови“ ја тресе Србија: Што е познато досега

Latest from Blog

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи
Go toTop