Телефонска средба меѓу шефовите за одбрана на Туркије и САД

July 11, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за национална одбрана на Туркије, Јашар Ѓулер, и американскиот секретар за одбрана, Лојд Џејмс Остин, вчера телефонски разговараа за кандидатурата на Шведска за НАТО, како и за трансферот на борбени авиони Ф-16 во Анкара, пренесува Анадолу.

Ѓулер и Остин разговараа и за билатерални и регионални одбранбени и безбедносни прашања, објави турското Министерство за национална одбрана на Твитер.

Телефонскиот разговор се водеше откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се согласи да го прати шведскиот Протокол за пристапување во НАТО до Парламентот по трилатералната средба со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, и шведскиот премиер Улф Кристерсон пред Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија.

Анкара побара борбени авиони Ф-16 и комплети за модернизација од САД во октомври 2021 година. Договорот вреден 6 милијарди долари опфаќа продажба на 40 авиони, како и комплети за модернизација за 79 воени авиони што веќе се во инвентарот на турските Воздухопловни сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Уште чади кумановскиот суд по пожарот што зафати и дел од архивата

Следно

Мишел за геноцидот во Сребреница: Никогаш нема да заборавиме

Latest from Blog

Божиновска: Стабилноста на енергетскиот систем е клучен приоритет

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа  ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето

Мицкоски: Не смее да има селективна правда за случајот со мазутот

За премиерот Христијан Мицкоски одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино е скандалозна. „ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба

Коњановски: Битола продолжува да ја поддржува светската детска ликовна колонија

Раководството на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ кое е организатор на Малиот Битолски Монмарт денеска имаше прием кај градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Тие го информираа градоначалникот за подготовките на 45-то
Go toTop