Столтенберг: Туркије и Шведска се согласија да воспостават билатерален безбедносен механизам

July 11, 2023
1 min read

ВИЛНУС (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа изјави дека меѓу Туркије и Шведска ќе биде воспоставен билатерален безбедносен механизам и дека ќе биде именуван првиот специјален координатор на НАТО за борба против тероризмот, јавува Анадолу.

Столтенберг пред Самитот на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија, одговараше на прашањата на новинарите по состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон во врска со барањето на Шведска за членство во НАТО.

„Со задоволство можам да објавам дека Ердоган се согласи да го упати Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО до турскиот Парламент колку што е можно поскоро и дека е во блиска соработка со Парламентот на негова ратификација“, изјави Столтенберг.

Тој истакна дека Шведска и Туркије работат на решавање на легитимната безбедносна загриженост на Анкара по Самитот одржан во Мадрид.

Столтенберг истакна дека ќе продолжи борбата на Шведска против тероризмот.

„Туркије и Шведска се согласија да воспостават безбедносен механизам. НАТО сериозно ќе ги зајакне активностите во таа област. Првпат во својата историја НАТО ќе именува специјален координатор за борба против тероризмот“, рече Столтенберг.

Во текот на трилатералниот состанок меѓу Туркије, Шведска и НАТО во Вилнус, објавено е дека Шведска повторила дека нема да ги поддржува терористичката организација ЈПГ/ПЈД и терористичката организација ФЕТО.

Како што истакна Столтенберг, на состанокот меѓу Туркије, Шведска и НАТО е наведено дека Шведска ќе го поддржи членството на Туркије во ЕУ, вклучително и ажурирањето на Царинската унија и либерализацијата на визниот режим.

На дводневниот Самит на НАТО, кој се одржува на 11 и 12 јули, ќе се разговара за војната меѓу Русија и Украина, предизвиците за НАТО и чекорите за јакнење на одбраната и одвраќање. На дневен ред ќе биде и кандидатурата на Шведска за вклучување во НАТО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува дводневниот Самит на НАТО

Следно

Ердоган го врза членството на Шведска во НАТО со Турција во ЕУ

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop