Северна Кореја ги обвини САД дека испраќаат шпионски авиони во нивниот „неприкосновен воздушен простор“

July 10, 2023
1 min read

Севернокорејското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое ги обвини САД дека испраќаат шпионски авиони во нивниот „неприкосновен воздушен простор“ и предупреди дека авионите што се приближуваат може да бидат соборени

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг денеска изјави дека американски шпионски авион утрово двапати надлетувал над севернокорејска економска зона, но бил одбиен од севернокорејски воени авиони.

Таа посочи дека Северна Кореја ќе преземе решителна акција доколку САД продолжат да летаат со извидувачки авиони над економската зона на нејзината земја. Ким додаде и дека „нема да преземе директна контраакција“ против американските извидувачки активности надвор од зоната.

Севернокорејското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое ги обвини САД дека испраќаат шпионски авиони во нивниот „неприкосновен воздушен простор“ и предупреди дека авионите што се приближуваат може да бидат соборени.

Јужнокорејскиот Генералштаб негира дека американски шпионски авион надлетувал над Северна Кореја, тврдејќи оти САД спроведувале стандардни извидувачки активности во координација со јужнокорејската војска.

Поради тоа Ким го обвини ГШ на јужнокорејската армија дека дејствува како портпарол на американската армија.

Коментарите на сестрата на Ким доаѓаат во време на зголемени тензии на Корејскиот полуостров, бидејќи темпото на севернокорејските ракетни тестови и заедничките американско-јужнокорејски воени вежби се интензивираа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лекарот кој силуваше повеќе од стотина гимнастичарки, избоден во затвор

Следно

Синдикатите и Владата постигнаа договор: Платите на вработените во јавниот сектор од септември ќе се зголемат за 10 отсто, ќе има исплата и на К-15

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop