Американската полиција трага по осомничениот за вооружен напад во Кливленд

July 10, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американската полиција трага по осомничениот што пукаше и рани девет лица за време на вооружениот напад што се случи вчера во еден ноќен клуб во центарот на Кливленд, во американската сојузна држава Охајо, пренесува Анадолу.

„Во престрелката нема убиени“, соопшти Вејн Драмонд, шеф на полицијата на Кливленд.

Непознатиот напаѓач, кој сѐ уште е во бегство, пукал кон масата луѓе во централниот дистрикт на Кливленд.

Полицијата ги следи трагите и продолжува со потерницата по напаѓачот, кој во полицискиот извештај се опишува како „црнец облечен во темна облека“.

Според податоците што ги собра Архивот за вооружени напади на САД, вооружените напади во оваа земја доживеаја рекордно ниво во првата половина од оваа година, со регистрирани повеќе од 330 напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Миленковиќ Савиќ се сели во Саудиска Арабија

Следно

Ескобар: Првиот чекор за избори на северот на Косово е да се тргнат луѓето од улица

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на силната соработка со САД

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс. На средбата, како што информира Николоски, биле

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата
Go toTop