„Вокинг Бордерс“: Најмалку 300 мигранти од Сенегал исчезнаа во Атлантскиот Океан

July 10, 2023
1 min read

МАДРИД (АА) – Три брода со повеќе од 300 мигранти исчезнаа во Атлантскиот Океан, изјави синоќа претставник на хуманитарната група за мигранти „Вокинг Бордерс“, пренесува Анадолу.

Хелена Малено, портпаролка на групата, изјави дека бродовите со мигрантите заминале пред 15 дена од Сенегал кон шпанските Канарски Острови.

Малено рече дека на еден од бродовите имало околу 200 мигранти, на вториот околу 65 и на третиот 60. Бродовите, наводно, тргнале од крајбрежното село Кафунтин во Јужен Сенегал.

Мигрантската маршрута од брегот на Северна Африка до Канарски Острови е интензивна веќе неколку години, особено во лето.

Најмалку 559 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат до Канарски Острови во 2022 година, меѓу кои 22 деца, според Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации (ИОМ).

Од „Вокинг Бордерс“, пак, објавија дека минатата година на оваа маршрута животот го загубиле 1.784 мигранти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје и утринава „се гуши“ во смет

Следно

Механизација на терен: Се собира ѓубрето и се чистат контејнерите (Видео)

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop