Дел од американските сојузници против одлуката на Вашингтон на Украина да и достави касетна муницја

July 9, 2023
1 min read

Неколку сојузници на САД изразија вознемиреност по одлуката на Вашингтон да и достави на Украина касетни бомби. Во петокот, САД потврдија дека го испраќаат контроверзното оружје во Украина, а претседателот Џо Бајден чекорот го нарече „многу тешка одлука“. Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Шпанија изјавија дека се против употребата на на ова оружје

Касетните бомби се забранети во повеќе од 100 земји поради опасноста што ја претставуваат за цивилите. Овој тип на вооружување ослободува многу помали бомби кои можат неселективно да убијат на релативно широк простор. Неексплодираните бомби може да стојат на терен со години, а потоа да се активираат.

Претседателот Џо Бајден во интервју за Си-ен-ен во петокот изјави дека разговарал со сојузниците за одлуката, која била дел од пакетот воена помош вреден 800 милиони долари. Тој рече дека му требало „некое време самиот да се убеди тоа да го направи тоа“, но дека го презел чекорот затоа што „на Украинците им снемувало муниција“.

Одлуката наиде на остри критики од групите за човекови права – Амнести интернешнал рече дека касетната муниција претставува „сериозна закана за животите на цивилите, дури и долго по завршувањето на конфликтот“.

Касетна бомба

На одлуката на Вашингтон реагираа и дел од клучните западни сојузници порачувајќи дека нема да дадат поддршка. Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека неговата земја е една од 123 држави кои ја потпишале Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство или употреба на ова оружје. Пораките на Сунак додоа пред европската турнеја на Бајден и нивната заедничка средба во пресрет на НАТО самитот во Литванија.

Премиерот на Нов Зеланд – една од земјите најголеми поборници на Конвенцијата за забрана на касетната муниција, изјави дека ова оружјето е во состојба да предизвика огромна штета и бројни жртви кај цивилното население со долготраен ефект. Шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес, порача дека нејзината земја има „цврста посветеност“ за одредени оружја и бомби да не можат да се испраќаат во Украина.

„Не за касетните бомби и да на легитимната одбрана на Украина, за која разбираме дека не треба да се спроведува со касетни бомби“,

рече Роблес.

Во досегашните борби во Украина и двете страни користеле јасетна муниција.

Касетна бомба употребена во борбите кај Харкив

Канадската влада соопшти дека е особено загрижена за потенцијалното влијание на касетните бомби кои понекогаш лежат недетонирани со десетици години и се огромна опасност за децата. Германија, исто така потписничка на Конвенцијата, прат порака дека и покрај фактот што нема да обезбеди такво оружје за Украина, ја разбира американската позиција.

„Сигурни сме дека нашите американски пријатели лесно не ја донесоа одлуката за снабдување на Украина со таква муниција“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.

Украинскиот министер за одбрана даде гаранција дека касетните бомби ќе се користат само за пробивање на непријателските одбранбени линии, а не и во борби во урбаните области. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, гаранциите на Украина за одговорна употреба на касетната муниција ги нарече „безвредни“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Франциск ги повика Израел и Палестина на дијалог за помирување

Следно

Борбата меѓу Џошуа и Вајт ќе се одржи на 12 август во Лондон

Latest from Blog

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна
Go toTop