(ВИДЕО) Зеленски се врати од Турција со заробените командати од Азовстал, тие ветуваат враќање на бојното поле

July 9, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володмир Зеленски вчера објави дека од Турција се враќа со петте воени команданти на Азовстал кои беа заробени од руската војска пред повеќе од една година. Тие беа свечено пречекани дома, а дел од борците на прес-конференција зборуваа за нивните искуства во Турција.

„Сакам да му се заблагодарам на господинот претседател, неговиот тим, одбранбените сили и секој војник кој ја бранеше нашата татковина и продолжи да се бори против окупаторите на првите линии додека бевме заробени. Ова е огромен придонес за нашата независност и борбата за нашата земја“

рече Денис Прокопенско, командант на Азовскиот полк.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, војниците споделиле и дека нивниот мотив за истрајност е што украинската армија ја презеде стратешката иницијатива на линијата на фронтот и оди напред секој ден. Најавија враќање на бојното поле.

„Ние ќе продолжиме да ја работиме нашата работа. Ние сме воени лица. Положивме заклетва“, .

рече заменик-командантот Свјатослав Паламар.

По одлуката за враќањето на командантите во Укранина, реагираше Русија со осуда на овој чин, бидејќи според договорот за размена на затвореници, заробените команданти во Турција требаше да останат до крајот на војната.

Враќањето на лидерот на Азов од Турција во Украина не е ништо друго туку директно прекршување на условите на постоечките договори“,

изјави за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фабриката Азовстал беше последниот бастион на украинската одбрана во пристанишниот град, кој на крајот падна во рацете на Русија во мај 2022 година. Со посредство на Анкара, заробениите команданти во септември лани беа ослободени и однесени во Турција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авганистан, предводен од талибанците, започна со екстракција на нафта

Следно

САД ветија продолжување на испраќањето помош за Украина на сите полиња

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop