Ескобар: Најдоброто решение за Косово и Србија е прифаќањето на планот предложен од ЕУ

July 8, 2023
1 min read

Според претставникот на САД, има индиции дека српскиот претседател Александар Вучиќ е подготвен да го прифати планот на Брисел, но не и косовскиот премиер Курти

Специјалниот преставник за Западен Балкан на САД, Габриел Ескобар, коментирајки ја ситуцијата во северот на Косово рече дека најдоброто решение за двете држави, Косово и Србија, е прифаќањето на планот од три точки предложен од Европска унија. Според Ескобар, постојат индиции дека српскиот претседател Александар Вучиќ е подготвен да го прифати овој план, но тоа не важи и за премиерот Курти.

Габриел Ескобар, специјален претставник на САД за Западен Балкан, фото: 360 степени (архива)

„Имаме позитивни индикации дека претседателот Вучиќ е подготвен да го прифати, но премиерот Курти треба уште малку да се убеди“.

рече Ескобар.

Доколку Србија и Косово не ги исполнат барањата на меѓународната заедница за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, Ескобар рече дека двете земји ќе изгубат бројни можности.

„Последиците не се казнени мерки, туку пропуштени можности кои двете земји ќе ги загубат доколку го отфрлат предлогот за излез од кризата“.

додаде Ескобар.

Според Ескобар, за Косово тоа значи оддалечување од блиските меѓународни и регионални партнери, а за Србија оддалечување од влезот во ЕУ. Ескобар додаде дека партнерството на САД со Косово е партнерство со народот на Косово, а не со една политичка партија или политичка личност. Затоа, посветеноста на САД и инвестициите во иднината на Косово останува силни.

Овие изјави Ескобар ги пред почетокот на меѓународната конференција на Дубровничкиот форум на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД на Украина ќе ѝ испратат касетни бомби

Следно

За околу два месеца ќе биде готова улицата „Бледски договор“ во Карпош 3

Latest from Blog

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Go toTop