Започна средбата помеѓу Зеленски и Ердоган

July 7, 2023
1 min read

Турскиот претседател Ердоган го пречека украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој дојде во Истанбул на негова покана, а откако заврши приемниот дел на кој се фотографираа, лидерите ја започнаа тет-а-тет средбата зад затворени врати. На средбата, се очекува да се разговара за регионални и меѓународни теми како што се односите помеѓу двете земји, најновите случувања во руско-украинската војна, но и Договорот за Црноморскиот коридор за жито кој истекува за 10 дена отсега.

Зеленски доаѓа во Турција откако претходно беше и во Прага и во ненајавена посета во Словачка, а неговата посета е под будното око и на Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кажа дека Москва многу внимателно ќе ја следи состојбата, бидејќи Русија и Турција одржуваат тесни пријателски врски и очекуваат реципроцитет од турска страна.

Ердоган во неколку наврати се обидуваше да посредува за евентуален мировен договор помеѓу двете страни.

Фото: МИА

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комесарката Мијатовиќ со писмо до Собранието ги повика пратениците да го донесат законот за признавање на родот на трансродовите лица

Следно

ПСЖ верува дека Мбапе веќе се има договорено со Реал за беспари да се пресели во Мадрид

Latest from Blog

Шокантни тврдења од Израел: Каде е иранскиот врховен лидер?

Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија „Ал-Хадат“, тврди дека иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не се наоѓа во Иран“. Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван за врховен верски

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

 Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа
Go toTop