Шефот на ОН го осуди израелското насилство во Џенин и повика на почитување на меѓународното право

July 7, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, синоќа најостро го осуди израелското насилство и користењето прекумерна сила во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.

„Израелските воздушни и копнени операции врз бегалскиот камп беа најголемо насилство на Западниот Брег во последните години, со значително влијание врз цивилите, при што се повредени повеќе од 100 лица, а илјадници биле принудени да избегаат“, изјави Гутереш за новинарите во седиштето на ОН во Њујорк.

Гутереш рече дека остро го осудува секој акт на насилство врз цивилите, вклучително и актите на терор.

„Тоа се однесува на секоја употреба на прекумерна сила. Очигледно е дека во оваа ситуација дошло до прекумерна сила што ја користеле израелските сили“, рече Гутереш, одговарајќи на прашањето на новинарот на Анадолу дали тоа конкретно се однесува на Израел.

Гутереш го прозва Израел да се придржува до своите обврски кон меѓународното право, вклучително и должноста на воздржаност и употреба на сразмерна сила, како и обврска да се минимизираат штетите и повредите и да се почитува и зачува животот.

„Употребата на воздушни напади не е во согласност со организирањето на операцијата за спроведување на законот“, рече генералниот секретар на ОН.

Гутереш изјави дека Израел, како окупаторска сила, има одговорност да го заштити цивилното население.

Тој истакна дека ја сфаќа загриженоста на Израел за безбедноста, но порача дека ескалацијата не е решение.

„Тоа едноставно поттикнува радикализација и доведува до продлабочување на кругот на насилство и крвопролевање“, посочи Гутереш.

Тој изјави дека не е „реално“ воени сили да се пратат во Израел.

„Не верувам дека израелската Влада би се согласила со таква можност, но мислам дека мора да пронајдеме механизми што ќе овозможат заштита на цивилите во овие драматични околности“, додаде Гутереш.

Израелската војска се повлече од Џенин во средата наутро, завршувајќи ја својата најголема воена операција во тој град по повеќе од 20 години.

Најмалку 12 Палестинци се убиени, меѓу кои пет деца, а повеќе од 140 се ранети во дводневните израелски напади, при што е направена и голема материјална штета во градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Зеленски до Радев: Да бевте на мое место, зарем ќе речевте – Путин, земи си ја Бугарија?

Следно

Полска, Литванија и Летонија го предупредија НАТО за заканата од Белорусија

Latest from Blog

Нови апсења во Турција: Функционери на Галатасарај и Ејупспор зад решетки

Нема крај на операцијата за сузбивање на нелегалното обложување во турксиот фудбал. Медиумите од таму јавуваат дека последно се уапсени уште 29 лица во рамките на големата истрага односно афера за нелегално

Руте: ЕУ не треба да стане целосно независна од САД во одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, смета дека Европската Унија не треба да стане целосно независна од САД во одбраната, и покрај ставот што го зазеде администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп

Тоштовски за новите полициски автомобили: Ова е прва ваква набавка по повеќе од 15, возила се целосно опремени со најсовремена технологија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски днеска при презентацијата на новите полициски возила изјави дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени

Голо Брдо на разгледница: нов придонес во промоцијата на македонската култура во Албанија

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Голо Брдо, содржи 15 фотографии од селата во овој крај значаен придонес во
Go toTop