Столтенберг: Во Белорусија се преместени само мал број на војници на „Вагнер“

July 6, 2023
1 min read

Досега НАТО нема забележено голема миграција на војници на платеничката група „Вагнер“ од Русија во Белорусија, но Столтенберг рече дека алијансата и понатаму внимателно ќе ги следи движењата на трупите на „Вагнер“ и Пригожин

НАТО регистрира дека лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин „малку се движел наоколу“, без да се даде дополнителни детали, но кога станува збор за платениците, не се забележува поголем број на лица кои мигрирале од Русија кон Белорусија

„Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на Вагнер во Белорусија“,

рече Столтенберг.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно денеска изјави дека Пригожин се вратил во Русија по краткиот егзил во Белорусија, додека неговите војници остануваат во кампови, додека пак од Кремљ пристигна соопштение во кое се вели дека Москва го нема ставено Пригожин на листата на луѓе чие движење е под мониторинг. На Пригожин и на неговите војници им беше понудено безбедно засолниште во Белорусија за да го прекинат пучот на неговата платеничка сила во јуни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неуспесите уште еднаш ја водат Урсула нагоре

Следно

Град Скопје домаќин на Европско првенство во одбојка 06.7.2023

Latest from Blog

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите

22 пожари на отворен простор утрово

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира
Go toTop