Признава ли Ковачевски дека нивниот градоначалник од Крива Паланка нападнал полицаец: МВР постапува и ќе бидат изречени санкции

January 18, 2023
2 mins read

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарски прашања во врска со скандалот во кој се тврди дека нивниот градоначалник од Крива Паланка Сашко Митовски нападнал полицаец, вели дека МВР постапува и ќе бидат изречени санкции.

„Во однос на случајот кој што беше во Крива Паланка, врз основа на своите надлежности, непристрасно, Министерството за вматрешни работи, постапува и ќе бидат изречени санкции без притоа да се гледа дали учесник во тој настан е на одредена позиција или не е на одредена позиција. Што се однесува до одговорност, градоначалниците се избрани од граѓаните и тие имаат одговорност пред граѓаните во рамки на својот мандат. Сите институции понатаму, кои што се дел од системот во делот на санкционирање, во делот на оценка на ваков настан, треба непристрасно да одлучуваат“, рече денес Ковачевски.

Прашањето кое се поставува е дали премиерот Ковачевски со ваквата изјава признава дека градоначалникот Митовски нападнал полицаец и дали требаше да побара и морална одговорност од неговиот градоначалник, да си поднесе неоповиклива оставка.

Локалната власт на чело со градоначалникот, се најблиски до граѓаните кои непосредно се избираат и треба да бидат нивен сервис, а не силеџиски и каубојски да се однесуваат кон оние кои ги избрале, а уште помалку кон лица за одржување на редот и поредокот, дури и кога не се на службена должност.

Имено, први кои јавно објавија за тепањето на полицаецот од страна на кривопаланечкиот градоначалник Митовски беа од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Шокирани сме од информациите кои деновиве кружат помеѓу кривопаланчани, според кои градоначалникот Сашко Митовски, нешто по полноќ на 14.01.2023 година физички нападнал наш сограѓанин без било каква причина. Дополнително на тоа информациите говорат дека настанот во билтенот на МВР бил заведен како Напад од Н.Н. сторител (непознат сторител) како да сме паднати од Марс, а граѓанинот не знае кој го нападнал“, преку сооштение за јавност информираа од ВМРО-ДПМНЕ на 16 јануари.

После тоа следеше и признание од страна на натепаниот полицаец кој со статус преку социјалните мрежи потврдил дека инцидентот се случил во петокот вечерта кога по заминување од угостителски објект се случива сообраќајна несреќа, при што сообраќајот бил во прекин, нешто што го налутило градоначалникот Митовски, кој бил во алкохолизирана состојба.

„Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој само неколку минути, па така ВИДНО изреволтиран и во видно алкохолизирана состојба, таткото на Крива Паланка – С.M. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка“, пишува Кристофер Стоевски, припадник на МВР, кој вечерта не бил на должност, додавајќи дека не му возвратил на Митовски туку повикал полиција и го пријавил случајот на кој посведочеле многу луѓе.

Очекувано, градоначалникот Митовски негираше дека го истепал полицаецот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денес преку соопштение повикаа самоволието и насилството на градоначалникот да СДСМ да биде казнето и дека покрај секојдневните притисоци и партизираните судии и обвинители, граѓаните се охрабруваат и јавно говорат за насилието и вршителите на функции.

„Шерифлукот на функционерите од владејачката партија станува опасност по безбедноста на граѓаните. Очигледно колку повеќе чувствуваат дека им се ближи политичкиот крај, толку понервозни стануваат. Но треба да знаат дека власта на СДС и ДУИ, партизираните судии и обвинители нема вечно да ги штитат за криминалите и прекршувањата на законот кои ги прават. Граѓаните се охрабруваат и ниту им се плашат, ниту им молчат. Доаѓа времето за одговорност и народна казна“, се вели меѓу другото во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски се огласи по падот на хеликоптерот во кој загинаа најмалку 15 лица

Следно

Курти: Оптимист сум дека за неколку месеци може да се постигне договор со Србија

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop