Започна фестивалот „Сан Фермин“ во шпанскиот град Памплона

July 6, 2023
1 min read

ПАМПЛОНА (АА) – Во Памплона, шпанската автономна покраина Невара, почна традиционалниот фестивал „Сан Фермин“, известува Анадолу.

Голем број туристи присуствуваа на отворањето на фестивалот, што започна со испукување ракета, која се нарекува „chupinazo“.

Фестивалот „Сан Фермин“ се одржува секоја година во период од 6 до 14 јули, а оваа година ракетата ја активираше претседателот на Фудбалскиот клуб Осасуна, Луис Сабалза.

Најпознатата манифестација на фестивалот е „encierro“, односно трчањето со бикови по тесните улици во центарот на Памплона.

„Сан Фермин“ има традиција која датира уште од средниот век, а Памплона во деновите на одржување на фестивалот е домаќин и на бројка до 1,5 милиони туристи.

Деветдневната прослава на фестивалот „Сан Фермин“ ја популаризираше писателот Ернест Хемингвеј, добитникот на Нобелова награда за книжевност, во својата новела „Сонцето повторно изгрева“, објавена 1926 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американци на екскурзија во Украина

Следно

Русија одлучи да протера девет фински дипломати

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop