Русија тврди дека демонстрантите во Франција го користат оружјето испорачано на Украина

July 6, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека оружјето доставено до Киев се користи од организаторите на протестите во Франција поради смртта на тинејџер, јавува Анадолу.

„Оружјето испорачано на Киев завршува во рацете на истите демонстранти и се користи против полицијата таму, во Франција“, рече Захарова на брифинг со новинарите во Москва.

„Во својата поддршка за Украина, Западот и НАТО ја отворија Пандорината кутија, која ќе им се врати како бумеранг“, порача таа.

Нахел М., 17-годишен тинејџер од алжирско потекло, беше застрелан од непосредно растојание од полицаец во париското предградие Нантер кон крајот на минатиот месец.

Оттогаш Франција ја зафатија насилни протести со жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите, грабежи и палење возила и контејнери во многу градови во земјата.

Полицаецот се соочува со формална истрага за намерно убиство и се наоѓа во притвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вест Хем нуди 18 милиони евра за Закарија, Јувентус бара 25

Следно

Премиера на „Франкенштајн“ во ТДМ: Кој создава чудовишта во секојдневието?

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop