Зеленски во посета на Бугарија, ќе се сретне со премиерот Денков и претседателот Радев

July 6, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Бугарија , каде ќе се сретне со новиот премиер Николај Денков и претседателот на државата Румен Радев. Бугарските медиуми пренесуваат дека тој веќе слета во Софија каде беше пречекан од вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел.

Фото: БНТ

По средбите, се очекува да биде потпишана заедничка декларација за евроатлантските интеграции на Украина и меморандум за соработка во областа на енергетиката.

Фото: БНТ

Веста за посетата на Софија ја потврди и Зеленски кој соопшти дека освен со премиерот Денков и претседателот Радев ќе се сретне и со други владини претставници, пратеници, политичари и новинари.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мексико: 29 лица загинаа во автобуска несреќа

Следно

Американската сурф панк нојз сензација „Даикаију“ вечерва во МКЦ

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop