Автобус падна во провалија во Мексико, загинати се 29 патници

July 6, 2023
1 min read

Најмалку 29 патници загинаа денеска во Мексико, a уште 19 се повредени откако патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, пренесе Ројтерс.

Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака, а дел од медиумите пренесуваат дека меѓу загинатите има и едноиполгодишно дете.

Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро соопшти дека околу 20 лица се повредени, а некои се во многу тешка состојба.

Според соопштението од тамошните власти, возачот на автобусот очигледно изгубил контрола над возилото и паднал во провалија.

„Се чини дека недостигот на вештина и замор ја предизвикаа несреќата“,

рече Ромеро.

Автобусот тргнал од Мексико Сити за да превезе патници во повеќе мали, оддалечени планински села во сиромашниот регион Миктека. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алваро Мората се враќа во Серија А

Следно

Содик нов фудбалер на Работнички

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop