Пресуда на Апелација за „Титаник“: Пониска затворска казна за Јанакиески, условна за Јанкулоска

July 4, 2023
2 mins read

Двајцата поранешни министри и уште шест други лица лани решија да признаат вина во „Титаник“ по што половина од нив добија затворски, а половина условни казни. За повеќето од нив, Апелација сега одлучи да ги ублажи казните со намалување или замена на затворската со условна казна

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби пониска затворска казна од определената со првостепената пресуда, а поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена условно наместо со затвор.

Ова е дел од одлуката што ја донел петчлениот совет во Апелацискиот суд Скопје за дел од обвинетите во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности.

Станува збор за пресуда на Апелација за дел од овој обемен предмет, во којшто се опфатени осум обвинети кои во февруари лани решија да признаат вина. Меѓу нив, најистакнати имиња кои се решија на ваков чекор се двајцата поранешни министри.

Јанакиески тогаш призна вина за речиси сите дела поврзани со изборни измами во случајот „Титаник“ и првостепено беше осуден на четири години и шест месеци затвор, а Апелација сега му ја намали казната на три години и шест месеци.

Тој единствено не призна вина за делото злоупотреба на средствата за финансирање на изборна кампања, но подоцна обвинителството се откажа од прогон за ова дело.

Јанкулоска, пак, призна вина и со првостепената пресуда беше осудена на затворска казна од две години и шест месеци, а Апелација сега и одреди условна казна затвор од една година и осум месеци која нема да се изврши ако во наредните пет години не стори ново кривично дело.

Покрај двајца ексминистри, останатите шестмина кои лани признаа вина се: Мартин Протуѓер – поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на кабинет на експремиерот Никола Груевски; Билјана Бришковска-Бошковски – поранешна заменик-министерка за правда; Киро Тодоровски – шеф на кабинет на Јанкулоска; Катерина Веловска и Мунир Пепиќ.

Од нив, жалба до Апелација поднел и Протуѓер кој од првостепениот суд беше осуден на условна казна затвор од две години која нема да се изврши ако во рок од пет години не стори ново кривично дело, а со одлуката на Апелација доби ублажување и сега условната осуда гласи „една година и шест месеци затвор која нема да се изврши ако во наредните пет години не стори нови кривично дело“.

Извадок од пресудата на Апелација

За него, Јанакиески и Јанкулоска во пресудата од Апелацискиот суд се констатира дека обвинението против нив за делото злосторничко здружување се одбива согласно точката 6 од членот 402 од Законот за кривична постапка (ЗКП), дел во кој е предвидено одбивање поради застарување на делото.

Член 402 од ЗКП

Се жалел и Мунир Пепиќ кој со првостепената пресуда беше осуден на една година затвор, а сега Апелација и нему како и на Јанкулоска му ја заменила со условна казна.

За жалбите на обвинетиот Коста Митровски, кој беше осуден на три години затвор, Апелација наведува дека се неосновани.

За останатите кои признаа вина (Билјана Бришковска-Бошковски, Катерина Веловска и Киро Тодоровски), а од првостепениот суд беа осудени на условни казни, во објавената пресуда на Апелација не се наведува дека поднеле жалби.

Случајот „Титаник“ првично опфаќаше 21 лице. По признанието на вина на осумтемина, како обвинети за кои продолжи судскиот процес останаа: експремиерот Никола Греувски кој е првообвинет и му се суди во отсуство, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски; експратеникот Илија Димовски; бившиот градоначалник на Пустец Едмонд Темелко; и уште девет други лица.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија не сака да го обнови Договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море

Следно

(ВИДЕО) Невреме во западна Србија, поплавени улици и објекти

Latest from Blog

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop