Русија тврди дека Украина го исклучила главниот далновод кон нуклеарната централа „Запорожје“

July 4, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија тврди дека Украина го исклучила главниот далновод поврзан со нуклеарната централа „Запорожје“, пренесува Анадолу.

„Украина рано утрово го исклучи 750-киловолтниот далновод Днепар“, изјави Ренат Карча, советник на „Росенергоатом“, подружница на руската државна нуклеарна агенција „Росатом“, за руската државна телевизија „Росија-24“.

Украинските власти сѐ уште не се огласија по повод тврдењето, а независната проверка на тврдењата на Русија е тешка поради воените дејства.

Ден претходно, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нуклеарната централа „Запорожје“ е повторно поврзана со единствениот достапен резервен далновод, но дека ситуацијата и понатаму е „исклучително кревка“.

„Конекцијата на нуклеарната централа Запорожје со единствениот преостанат 330-киловолтен далновод, од вкупно шест пред конфликтот, беше прекината на 1 март поради оштетување од другата страна на реката Днепар, а обновена е вечерта на 1 јули“, се вели во соопштението на МААЕ.

Понатаму се додава дека активностите за поправка на далноводот се попречени поради тешката безбедносна ситуација во јужна Украина, нагласувајќи дека повторното поврзување на 330-киловолтниот далновод е значајно бидејќи централата се потпира на една главна 750-киловолтна линија.

Нуклеарната централа „Запорожје“, најголема во Европа и една од 10-те најголеми во светот, е под контрола на Русија од март минатата година, веднаш по почетокот на војната во Украина.

Оттогаш е присутен стравот од нуклеарна катастрофа бидејќи и Москва и Киев се обвинуваат меѓусебно за гранатирање во близина на централата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Западните пари се кладат на Кина

Следно

Латинската црква во Џенин претрпе штета од израелската офанзива

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop