САД: Поради опасност од невреме откажани над 1.700 лета

July 4, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Стотици летови се откажани или одложени во Соединетите Американски Држави (САД) поради опасност од невреме пред прославата на Денот на независноста, јавува Анадолу.

Според ФлајтАвер, повеќе од 1.700 лета биле откажани непосредно пред празникот Денот на независноста, а илјадници луѓе заглавиле на аеродромите.

Откажувањето на летовите се случи по викендот кога аеродромите имаат најголем број патници во историјата на САД.

Јунајтед Ерлајнс е авиокомпанија со најмногу откажани летови – над 200.

Оваа компанија минатата недела најави откажување или одложување на повеќе од 5.000 лета.

Националната метеоролошка служба (НМС) соопшти дека на североистокот од земјата ќе преовладуваат остри временски услови, додека во некои делови на југот се очекуваат силен ветер, невреме и град.

Повеќе од 150.000 луѓе на Среден Запад останаа без струја поради невремето во текот на викендот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нејмар е казнет со 3,3 милиони долари поради создавање езерце на неговиот имот во Бразил

Следно

Белград: Делот од училиштето каде што се случи масакрот целосно ќе се реконструира, ќе има и меморијален центар

Latest from Blog

Шест години брендираната гардероба на Боки 13, вредна 600.000 евра, ,,скапува” во магацин

Веќе шест години, во еден од магацините на Агенцијата за управување со одземен имот, стои конфискуваната брендирана гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, вредна речиси 600.000 евра. Во овој период луксузната облека ниту

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Украина ги засили нападите со беспилотни летала врз руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и рафинериите за нафта, ова лето, обидувајќи се да ја уништи инфраструктурата за која вели дека е клучна за

Тошковски: ЕБР е еден од столбовите на безбедносниот систем на Македонија

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот

ПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас

фото: Premier League (X) Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал
Go toTop