Волстрит благо порасна, „Тесла“ меѓу најголемите добитници

July 4, 2023
1 min read

Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите на „Тесла“, со скок на цената од речиси 7 отсто, откако производителот на електрични автомобили објави рекордна продажба на возила во вториот квартал

На Волстрит берзанските индекси благо пораснаа во понеделникот, благодарение на растот на цените на акциите на „Тесла“ и на неколку банки, додека прометот беше скромен поради скратеното тргување во пресрет на празникот. Dow Jones зајакна за 0,03 отсто, на 34 418 поени, додека S&P 500 порасна за 0,12 отсто, на 4 455 поени, а индексот Nasdaq за 0,21 отсто, на 13 816 поени.

Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите на „Тесла“, со скок на цената од речиси 7 отсто, откако производителот на електрични автомобили објави рекордна продажба на возила во вториот квартал. S&P индексот на банкарскиот сектор, пак, порасна за 1,5 отсто бидејќи некои банки најавија повисоки дивиденди, откако неодамна го поминаа вообичаениот годишен стрес тест.

Благ пад на цените на акциите на европските берзи

Обемот на тргување беше скромен бидејќи работата беше скратена во пресрет на празникот Денот на независноста. Од почетокот на годината, Dow Jones порасна за 3,8 отсто, додека S&P 500 скокна за речиси 16 отсто, а Nasdaq повеќе од 31 отсто, најмногу благодарение на надежите на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на циклусот на зголемување на каматните стапки.

Сепак, се поставува прашањето дали овој пораст на индексот е оправдан со оглед на тоа што растот на економиите забавува, што ќе ја притисне заработката на компаниите, додека централните банки сигнализираат натамошно зголемување на каматните стапки во наредните месеци бидејќи инфлацијата сè уште се движи далеку над целните нивоа.

И на европските берзи цените на акциите вчера благо паднаа. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,06 отсто, на 7 527 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,41 отсто, на 16 081 поен, а париски CAC 0,18 отсто, на 7 386 поени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовската опозиција ја прекинува комуникацијата со премиерот Курти и претседателката Османи

Следно

Нова престрелка во САД: Четири лица загинаа, а уште четворица се повредени

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop