Фон дер Лајен: Невозможно е да се замисли ЕУ без Западен Балкан

July 3, 2023
1 min read

Треба да размислуваме како да го постигнеме тоа Европа да биде целосна, овие држави да станат дел од ЕУ, рече претседателката на ЕК

Невозможно е да се замисли ЕУ без Западен Балкан, смета претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен.

По повод преземањето на претседателството на Шпанија со Советот на Европа, таа денеска во Мадрид одржа заедничка прес-конференција со шпанскиот премиер Педро Санчез, каде одговарајќи на новинарско прашање поврзано со членството на Украина во ЕУ порача дека Унијата не може да се замисли без оваа и без земјите од Западен Балкан.

„Ајде да размислиме за иднината, да погледнеме напред неколку години, да размислиме каква ќе биде Европа. Мислите ли дека Европа ќе постои без Украина, Молдавија, без Западен Балкан и сите делови од Европа кои се под влијание на Русија и Кина? Тоа е невозможно. Треба да размислуваме како да го постигнеме тоа Европа да биде целосна, овие држави да станат дел од ЕУ“,

рече фон дер Лајен.

Проширувањето на ЕУ е на маса, порача и премиерот на Шпанија, Педро Санчез. И тој вели дека најважното прашање е како се гледа Европа наредните години, кои се целите и стратегиите за следните четири до десет години и според него, ЕУ треба повеќе да се федерализира, да има повеќе суверенитет да се пронајдат заеднички одговори на отворени прашања.

Во фокусот на обраќањата и на претседателката на ЕК и на шпанскиот премиер беше ситуацијата во Украина и пораките дека е потребна поддршка за украинската страна и стабилизација. Токму со посета на Киев во саботата на 1 јули, Санчез го започна и претседавањето на Шпанија.

По Шпанија, следна земја претседавач ќе биде Белгија во првата половина на 2024, и Унгарија во втората половина на 2024 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешните министри му станаа советници, екс-премиерот Галаб Донев ќе му биде шеф на кабинетот на Румен Радев

Следно

(АНАЛИЗА) На „огнените“ од ДУИ им останува само формирање нова партија

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop