Тројца Палестинци загинаа во израелски напад на Западниот Брег

July 3, 2023
1 min read

Операцијата започнала околу еден часот по полноќ со воздушен напад врз зграда што ја користеле екстремистите, а целта била да се конфискува и уништи нивното оружје, вели портпаролот на израелската војска

ФОТО: EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Најмалку тројца Палестинци се убиени денеска кога израелски беспилотни летала нападнале бегалски камп во Џенин на северот од окупираниот Западен Брег, објави Би-би-си. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во нападот се повредени повеќе од 20 Палестинци.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја напаѓаат терористичката инфраструктура во областа Џенин.

„Нема само да чекаме додека терористите продолжуваат да им нанесуваат штета на цивилите користејќи го кампот Џенин како скривалиште“,

велат од ИДФ, додавајќи дека кампот е „терористичко упориште“.

Потполковникот Ричард Хехт, портпарол на израелската војска, изјави дека операцијата започнала околу еден часот по полноќ со воздушен напад врз зграда што ја користеле екстремистите, а целта била да се конфискува и уништи нивното оружје.

Тој објасни дека во операцијата учествувале околу 2 000 војници и дека воените беспилотни летала извршиле серија напади за да им го расчистат патот на копнените сили.

Иако Израел изврши изолирани воздушни напади на Западниот Брег во последните недели, Хехт вели дека денешните напади претставуваат ескалација што не е забележана од 2006 година, кога заврши палестинскиот бунт.

Палестинските медиуми пренесуваат дека армијата ги блокирала патиштата во кампот, заземала позиции на куќи и згради и поставила снајперисти на покривите.

Баталјонот Џенин, во кој членуваат вооружени членови на палестинските групи Фатах, Хамас и Исламски џихад, најавија дека „ќе се борат против окупациските сили до последниот здив и куршум“, како и дека ќе работат заедно и обединети од сите фракции и воени формации.

„Она што се случува во бегалскиот камп е вистинска војна“,

вели за Ројтерс палестински возач на брза помош, Калед Алахмад, додавајќи дека секогаш кога се враќаат од кампот амбулантните возила се полни со повредени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев: „Нуклеарната апокалипса не само што е можна, туку е и сосема веројатна“

Следно

Лапорта: Се сретнав со бизнисмен од Катар кој е заинтересиран да вложи во Барселона

Latest from Blog

Крај на сагата – Хари Кејн: Англичанецот им ја соопштил својата одлука на челниците на Баерн

Летниот преоден рок веќе ни донесе неколку познати трансфери, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа. Со недели се шпекулираше за судбината на Хари Кејн, кој официјално влезе во последната година од

ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ АТИКА – Пожарникари од три земји се борат со огнот, издадена евакуација

Голем пожар избувна утрово во областа Куварас, во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, поради што властите испратија порака за евакуација до жителите и лицата кои се наоѓаат во непосредна

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен
Go toTop