ДУИ го избра Беким Незири на местото на „огнениот“ Изет Меџити во Чаир

July 3, 2023
3 mins read

Незири важеше за неофицијален фаворит на раководството на ДУИ во Чаир. Покрај во скопската општина, избрано е ново раководство во уште 13 ограноци, што е прв поголем внатрепартиски изборен процес по големите превирања во партијата

Од т.н. „огнена група“, чиј предводник е доскорешниот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, Изет Меџити, обвинуваа дека изборите се наместени и дека тие нема да учествуваат на нив за да не ги легитимираат и со тоа да го збунат членството

Владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) избра претседатели на 14 ограноци. Избраните имиња, кои доаѓаат во период на досега најголеми внатрепартиски превирања од основањето на партијата, ги соопшти лично претседателот на партијата, Али Ахмети.

Прес-конференција на ДУИ во внатрепартиските избори / фото: принтскрин

„Во текот на овој изборен процес, предводен од партиската изборна комисија на ДУИ, се гласаше за избор на претседатели на ограноци, членови на ограноците, претседатели на локални совети и членови на раководството на локални совети во ограноците: Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шутка и Велес.

Така, избраните во 14 ограноци на ДУИ се следните:

Во Липково: Мирсад Ибраими

Во Куманово: Ридван Асани

Во Чаир: Беким Незири

Во Бутел: Мухарем Асани

Во Шутка: Илаз Лесковица

Во Петровец: Насер Халити

Во Јегуновце: Елдин Адеми

Во Кичево: Ардита Дани

Во Дебар: Артин Спахиу

Во Крушево: Абиб Веџиу

Во Битола: Лутфи Амето

Во Пласница: Бајрам Карамалески

Во Велес: Локман Салија

Во Преспа: Арјан Муједини

соопшти Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Незири беше „фикс“ уште пред месец и половина

Најинтересно од сите имиња на листата е новиот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. На тоа место сега доаѓа Беким Незири, поранешен министер, директор на ПИОМ, а сега бизнисмен. Ќе му биде потребно целото искуство бидејќи доаѓа на „жешко“ столче кое до скоро му припаѓаше на Изет Меџити – поранешен градоначалник на Чаир, поранешен висок функционер во ДУИ, но во последниве години еден од лидерите на фракцијата во партијата која пред сè бара Али Ахмети да го отстрани Артан Груби од врвот на партијата.

Дел од фракцијата, популарно наречена „огнена група“, ја сочинува и актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, како и градоначалникот на втората доминантно албанска општина во главниот град – Блерим Беџети.

Сето ова значи дека Незири доаѓа на чело на огранок на партијата во место каде што се наоѓа епицентарот на внатрепартиската опозиција. Во своите настапи пред изборите тој се обидуваше да се претстави како човек кој ќе направи сè за да ги помири двете страни.

Беким Незири (28 јуни 2023 г.) / фото: принтскрин, ТВ21

„За помирување, за приближување, јавно кажувам, му кажав и на господинот Меџити, ако треба Беким Незири ќе се повлече од функцијата шеф на огранокот по еден месец, нека дојде господинот Изет Меџити да го води“,

изјави Беким Незири во интервју за ТВ 21 на 28 јуни 2023 година.

Но, кога Незири ги кажуваше овие зборови за помирување, тој веќе беше означен од „огнените“, дека им забил нож во грб.

„Ако мисли на мојата кандидатура, не гледам забивање нож зад грб затоа што и господинот Меџити и јас придонесуваме за доброто на ДУИ од 2002 година, каде што претседател е господинот Али Ахмети, па затоа не гледам забивање нож зад мојот грб кога се кандидирам за заедничка куќа што ја градевме со години“,

изјави Беким Незири.

Во деновите пред внатрепартиските избори, па и денеска од „огнената група“ ставија јасно до знаење дека го сметаат процесот за избор на 14 претседатели за фарса. Поради тоа, велеа и дека нема да учествуваат во него, за да не го збунат гласачкото тело.

Но, прашање е дали ќе можеа да учествуваат и да сакаат. Во интервју за „360 степени“, уште на 26 мај 2023 година, Бујар Османи од ДУИ изрази резерва – дали ќе му биде дозволена кандидатура на Изет Меџити.

„Изборната комисија треба да каже дали тие што ги прекршиле статутарните определби на партијата…

– Значи може да не му дозволите да се кандидира?

Навистина не можам да кажам бидејќи не сме го разговарале…

изјави Османи на 26 мај 2023 за „360 степени“.

Но уште тогаш, на крајот на мај, веќе се слушаше името на Беким Незири како фаворит на актуелното раководство на ДУИ за партиската фотелја во Чаир. Следува прашањето и одговорот на Бујар Османи дадени на крајот на мај, за фаворитската улога на Незири.

Бујар Османи (26 мај 2023 г.), фото: 360 степени

– Може да потврдите дека фаворит на раководството е Беким Незири?

Ќе има изборен процес. Така што, ќе се пријават кандидати. Тој што ќе ја добие поддршката од членството… бидејќи ако има фаворит тогаш чуму потреба за избори?

изјави тогаш Бујар Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фондацијата на Сорос отпушта 40% од вработените

Следно

Медведев: „Нуклеарната апокалипса не само што е можна, туку е и сосема веројатна“

Latest from Blog

Курир неофицијално дознава: Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето (ВО ЖИВО)

Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето. Курир од извори во МВР, неофицијално дознава дека за инцидентите со македонското знаме приведени се неколку лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Возобновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија

Халкбанк АД Скопје, во рамки на својата платформа за одржлив развој и заштита на животната средина HalkEco, изминатиот период ги заврши активностите за повторно обновување на 19 пешачки мостови во Градскиот парк,

ДУИ: Го осудуваме чинот на палење на државното знаме, но и полициската интервенција за време на прославата на Денот на албанското знаме

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и

Осуда од сите страни за сквернавењето на македонското знаме- надлежните органи постапуваат по настанот, МВР со прес

Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје. Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други

СПМ најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме

Социјалистичката партија на Македонија најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме. -Директно ги посочуваме виновниците кои на вандалски начин го сквернавеа македонското знаме. Тоа претставува чин на непочитување на
Go toTop