Ахмети: Од мене нека почне истрагата за сите функционери од ДУИ и за работењето на партијата од 2002 година наваму

July 2, 2023
1 min read

Меѓу другото, лидерот на ДУИ ги повика државните институции, доколку имаат сомнеж, да поведат истрага и против неговиот внук Дрин Ахмети, за кого медиумите открија дека е сопственик на една од компаниите која го купува Бизнис-центарот „Соравија“ во Скопје

Почнувајќи од мене, нека се отвори истрага за сите функционери од Демократската унија за интеграција и за целокупната активност на ДУИ од 2002 година до сегашниот момент.

Ова во изјава за ТВ 21 денеска го кажа првиот човек на владејачката ДУИ, Али Ахмети, по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево. Тој одговараше на новинарско прашање во врска со одлуката на Стејт департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

Првпат говорејќи на оваа тема, Ахмети кажа дека Мерко мора да се соочи со истрагата, но и дека струшкиот градоначалник воопшто не се противи на такво нешто бидејќи, како што кажа, тој е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ.

„Да се отвори истрага за целокупната активност на ДУИ од 2002 година до сегашниот момент. Не можеме да бидеме обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета ниту да работиме на откривање на вистината. Тоа им припаѓа на органите на правдата. Цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното работење на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене“,

рече Ахмети во изјавата за ТВ 21.

Меѓу другото, лидерот на ДУИ ги повика државните институции, доколку имаат сомнеж, да поведат истрага и против неговиот внук Дрин Ахмети, за кого медиумите открија дека е сопственик на една од компаниите која го купува Бизнис-центарот „Соравија“ во Скопје.

„Ни Дрин не може да ја избегне истрагата – за ова нема да има пречка и нема амнестија или засолниште од моја страна. Сè што ги интересира државните органи, слободно нека вршат истраги за да се открие вистината“,

додаде Ахмети.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи испрати понуда за Душан Влаховиќ

Следно

ДИУ си го избра Беким Незири за местото на „огнениот“ Изет Меџити во Чаир

Latest from Blog

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и

Божиновска: Пред студентите во Виена ги претставивме приоритетите на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат
Go toTop