Руската амбасада со реакција за посетата на Османи на Украина: Шпекулира за жртви на руската агресија прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев

January 18, 2023
1 min read

Според Амбасадата, Османи досега не ги споменал жртвите од гранатирањата од страна на украинските сили, „како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници“

Руската амбасада во земјава на социјалната мрежа Фејсбук реагира на изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи дадени за време на посетата на Украина во врска со цивилните жртви при руските напади, забележувајќи му дека притоа не ги споменал загинатите при украинските гранатирања.

Во објавата на Амбасадата се наведува дека претседавачот на ОБСЕ, Османи, шпекулирал „за жртви на руската агресија прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев“.

„Но, кога пристигна на железничката станица во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Донецк и Макеевка (Донецка Народна Република): има мртви, ранетите сè уште беа под урнатините“,

се вели во објавата.

Според Амбасадата, Османи досега не ги споменал жртвите од гранатирањата од страна на украинските сили, „како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници“.

„Се работи за луѓето, велите?“,

се додава во објавата.

Министерот Османи за време на посетата на Киев во понеделникот изрази „силна осуда“ за континуираната руска агресија врз Украина, потенцирајќи дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување.

„Ништо не може да оправда убивање цивили, попречување на транспорт на вода и храна, отежнување на работата на хуманитарните конвои. Ништо не може да оправда кога деца и бремени жени се оставени без греење, со недоволно храна. Потребна е итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна. Мораме да работиме да престане страдањето, а потоа да ги обновиме овие уништени области“,

истакна Османи за време на посетата на градот Бородјанка во Киевската Област кој е силно погоден од воените дејствија.

Османи го осуди рускиот напад врз станбена зграда во Днепар во саботата, во кој, според последните податоци, загинаа 45 лица, меѓу кои и шест деца, околу 80 се повредени, а 20 се уште се водат како исчезнати.

Шефот на дипломатијата, ја повика Русија да ја прекине војната и повторно да се посвети на принципите на ОБСЕ и преку дипломатски пат да се решат сите предизвици. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Овие паркинзи ќе бидат бесплатни за Водици

Следно

Шарл Мишел се заложи за испорака на тенкови во Украина

Latest from Blog

Кралот Чарлс прекина традиција долга 400 години

Војвотката Кетрин Ворсли, која влезе во кралското семејство кога се омажи за принцот Едвард, војводата од Кент, во 1961 година, почина на 4 септември на 92-годишна возраст. Се преобрати во католицизам во

Кос: ЕУ е загрижена за владеењето на правото во земјите кандидатки од Западен Балкан

Европската унија останува загрижена за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако има опиплив напредок во оваа област, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по вчерашниот совет за општи работи во брисел посветен

Њукасл во јануари тргнува по Мејно од Манчестер Ј.

Њукасл сериозно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мејно, и размислува да тргне по него во јануарскиот преоден рок, пишува „ТокСпорт“. Се шпекулираше дека Мејно очајно

Омерагиќ: 150 ученици во Фудбалската академија добија спортска опрема

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја подели спортската опрема за 150 ученици кои се запишани во првата година на Фудбалската академија, и тоа низ девет градови во земјата. Претседателот на ФФМ, Масар
Go toTop