Османи: Има луѓе во ВМРО ДПМНЕ кои ја сфаќаат состојбата и нема да играат на картата на бугарските радикали

July 1, 2023
1 min read

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вели дека Владата нема да брза да ги достави предложените уставни измени до Собранието бидејќи очекува кај опозицијата да преовлада разумот и да се стаса до консензус. Според него, во ВМРО-ДПМНЕ постои идеолошка линија која ги сфаќа последиците од изолирање на земјата. 

„Се исцрпуваат веќе полека можностите со ВМРО-ДПМНЕ, но не се целосно исцрпени. Се уште има надеж дека таму има доволно разум кои ги сфаќаат овие ситуации, го сфаќаат моментот и дека нема да играат на картатата на бугарските радикали. Затоа не се брза, за да се даде шанса, бидејќи кога ќе се поднесат еднострано јасно е дека дебатата ќе биде поинаква. Даваме уште шанса за разум да го сфатат моментот и да видиме дали некој таму работи против интересите на македонскиот народ и државата“,

рече Османи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МНР.

Османи вели дека во ВМРО ДПМНЕ има поделба бидејќи е етаблирана „идеолошката линија која е за брзата патека за интеграција на државата, а не за патеката на држави со отворени прашања“.  

„Убеден сум и веќе гледам сигнали во ВМРО-ДПМНЕ за една идеолошка поделба во однос на она што го зборувам, има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ, според моите информации, кои упорно аргументираат дека не смееме да ја пропуштиме шансата сега во Уставот да се направи таа јасна дистинкција дека Бугарите се овде малцинство. Комплетна идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кои ги сфаќаат последиците од изолирање на земјата и влегување во втората патека. Сега се создаваат две патеки – брзата патека и земјите со отворени прашања. Од нас зависи во која патека ќе влеземе ние. Се исцрпуваат веќе сите можности да се убеди ВМРО-ДПМНЕ, не велам дека се исцрпени, но затоа паралелно ќе работиме со оваа идеолошка линија којашто ја сака оваа држава, ја сака нејзината иднина и ја гледа како европска, просперитетна”,

рече Османи. 

Прашан кога ќе почнат одделните средби со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што ги најави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Османи рече дека има комуникации. 

„Има комуникации и тоа не во форма на притисок туку за да се образложат аргументите, а на нив ќе остане на крај на која патека ќе ја остават државата“, наведе Османи, кој одржа прес-конференцијата по повод преземањето на претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИ) од страна на Северна Македонија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мбапе повика на прекин на насилствата во Франција

Следно

63 лица приведени на насилните протести во Белгија

Latest from Blog

Тоневски најави стипендии за првенците на генерација во Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска се сретна со учениците прогласени за првенци на генерацијата во основните училишта од општината, упатувајќи им честитки за нивниот постигнат успех и посветеност во образованието.

Европскиот шопинг феномен Pepco официјално пристигна во Скопје: Најавени продавници и во Охрид и Струга!

СКОПЈЕ, 18 јуни 2026 – Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за

Општина Битола ги повикува граѓаните на форум за новото уредување на плоштадот

Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување.

Камерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез,
Go toTop