Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кенија

July 1, 2023
1 min read

НАЈРОБИ (АА) – Најмалку 45 луѓе загинаа вчера кога камион налета на неколку возила, пешаци и трговци на пазарот во западна Кенија, соопшти полицијата, пренесува Анадолу.

Несреќата се случи вчера навечер, на местото познато по несреќи, во близина на градот Лондијани, во долината Рифт, на околу 200 километри северозападно од главниот град Најроби.

Началникот на полицијата, Том Одера, изјави дека на местото на несреќата пронашле 45 безживотни тела, но се верува дека под остатоците на возилата има и други загинати.

„Сега е темница и врне дожд, па ќе ни треба време за да ја потврдиме точната бројка на загинати“, рече Одера.

Очевидците наведуваат дека камион излетал од главниот автопат и удрил во неколку возила, а потоа и во пешаци и трговци.

Полицијата соопшти дека спасувачките активности ќе продолжат и во текот на ноќта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 1 100 уапсени во серијата немири во Франција

Следно

Шефот на ЦИА бил во Киев пред бунтот на Пригожин

Latest from Blog

Интензивно се уредуваат зелените површини во Прилеп

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река, а од утре со дополнителна екипа косачи започнува и второто косење на Новите градски гробишта. Од претпријатието посочуваат

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

Купувањето криптовалута може да звучи привлечно, особено за нови инвеститори што ги привлекува можноста за високи приноси и сè поголемата популарност на дигиталните средства. Токму затоа Binance Academy им помага на корисниците

Средниот прст на Рафиња, анти-мадридскиот дрес на Јамал и букетот на Педри (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин Синоќешната парада на шампионатот на Барселона по повод освојувањето на титулата во Ла Лига беше исполнета со голем број куриозни моменти кои брзо добија популарност на социјалните мрежи. Во едно
Go toTop