Се чини дека „Вагнер“ дефинитивно си најде нов дом – Белорусија. Ваквиот заклчок следи откако шефот на изолираната држава, инаку најсилен сојузник на путинова Русија, упати „срамежлива“ покана до паравоената група која минатата недела го предводеше обидот за воен удар и стигна на 200 километри од Москва
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги покани платениците од групата „Вагнер“ да ја обучуваат неговата војска. Тој пораката ја прати за време на говорот на Денот на независноста на Белорусија.
„За жал, тие (платениците на Вагнер) не се тука“, Но, ако нивните инструктори, како што веќе им кажав, дојдат и ни го пренесат борбеното искуство, ние ќе го прифатиме ова искуство“,
изјави Лукашенко.
Поканата следи само една недела откако самиот Лукашенко го менаџираше смирувањето на на вооружениот бунт на вагнеровите сили против Москва, во кој, неочекувано, платениците кои со месеци се бореа на украинскиот фронт, успеаја, без посериозен отпор, да дојдат на 200 киломтетри од Москва. Кризата беше ставена под контрола дури откако Лукашенко посредуваше во договор, според кој, шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, ќе се пресели во Белорусија, а неговите платеници добија можност или да се пријават во руската војска, или да се вратат дома како цивили, или да заминат во Белорусија.
Во својот вчерашен говор, Лукашенко рече дека не се плаши од „Вагнеровците, бидејќи „ги познавал долго време“.
„Тоа се луѓе кои се бореа низ целиот свет за да воспостават нормална цивилизација. Западот ги мрази до срж“, рече Лукашенко, истовремено предупредувајќи дека се подготвува „воено-политичка криза од светски размери, без преседан во историјата на човештвото“.
„Европската Унија и Соединетите Држави дека ја вооружуваат Полска со забрзано темпо и земјата станува полигон за подготовка за прикирени војни. Така, се создава уште едно жариште на тензии, се создава уште едно упориште за агресијата на најагресивната земја во светот и, за жал, најмоќната – САД“,
рече Лукашенко.
Каде е Пригожин
Лукашенко во својот настап не прецизирапе каде се наоѓа Пригожин. Водачот на „Вагнер“ последен пат беше забележан минатата сабота како го напушта јужниот руски град Ростов-на-Дон откако го прекина маршот на неговите сили кон Москва. Лукашенко само повтори Пригожин пристигнал во Белорусија во вторникот.
Сателитски снимки, обезбедени од западните разузнавачки агенции, сугерираат дека „Вагнер“ се стационира во стара напуштена воздухопловна база близу Минск и дека забрзано се обновууваат објектите во кои треба да се сместат платеничките сили.
Извор: 360stepeni.mk