ЖФК Љуботен ги дозна противниците во Лигата на шампиони

June 30, 2023
1 min read

Со жрепка попладнево во седиштето на УЕФА во Нион е одреден составот на групите за воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони во женска конкуренција во кое втора сезона по ред ќе учествува македонскиот првак ЖФК Љуботен.

Жрепката одлучи македонскиот првак да биде дел од групата 3 заедно со Мура од Словенија, кипарски Аполон и грузиски Самегрело.

in

Квалификацискиот турнир ќе се игра во Словенија, а противник на Љуботен во полуфиналето ќе биде Аполон.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 6 септември, додека дуелите за првото и третото место на 9 септември.

Пласман во втората рунда ќе обезбедат првопласираните екипи од 15 квалификациски групи.

Второто квалификациско коло, кое ќе се игра според системот дома – гости, е на програмата на 10/11 и 18/19 октомври, а победниците ќе обезбедат пласман во групната фаза која стартува на средината на ноември.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Франција мора сериозно да се позанимава со дискриминацијата и расизмот во полициските сили

Следно

8 јуни, денот кога Украина изгуби 25 тенкови и борбени возила за миг

Latest from Blog

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон

(Видео) ЦЕЛ БАНКОК Е ЗОНА НА КАТАСТРОФА – Властите потполно немоќни

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодуваат Тајланд од средината на септември се искачи на 23 лица, соопшти тајландската влада, додека ситуацијата на терен останува драматична. Според најновите податоци, во

Колумна на Виктор Грозданов за Plusinfo.mk: Насилнички екоактивизам

Што е разликата помеѓу мене, моите колеги од металургијата, рударството и геологијата, нормалните новинари, од една страна, и насилничкиот, како што јас го нарекувам „екоактивизам на батерии“, од друга страна? Разликата е

Боштјан Цесар и Гоце Седлоски беа соиграчи, а требаше и да го наследи во Вардар, но стана селектор на Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија во Љубљана го игра вториот натпревар од Лигата на нации. Јавноста се надева на многу подобро издание од првиот меч против Швајцарија, а тоа секако
Go toTop