Шарл Мишел: Јас лично се залагам за испорачување тенкови во Украина

January 18, 2023
1 min read

Во последно време се зголемува притисокот за снабдување со западни тенкови за Украина. Велика Британија најави дека ќе ги испрати своите тенкови „челинџер 2“, што ѝ го отвора патот на Германија да ги испрати и своите „леопарди“

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се заложи за испорака на тенкови и повеќе опрема во Украина за да се обезбеди уште посилен отпор на рускиот агресор.

„Ние во Европската Унија продолжуваме да ја поддржуваме Украина онолку долго колку што е потребно. Сега е време за повеќе опрема и јас лично сум за испорака на тенкови до неа“,

рече Мишел во говорот на пленарната седница на Европскиот парламент.

Во последно време се зголемува притисокот за снабдување со западни тенкови за Украина. Велика Британија најави дека ќе ги испрати своите тенкови „челинџер 2“, што ѝ го отвора патот на Германија да ги испрати и своите „леопарди“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц се спротивстави само Германија да испраќа тенкови и сега, по британската одлука, таа пречка е отстранета.

Либералниот претставник од Белгија, Ги Верхофштад, објави дека 112 претставници на Европскиот парламент побарале промена на стратегијата и испраќање тенкови и ракети со долг дострел во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина добиваат нови директори

Следно

Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со максимална сигурност

Latest from Blog

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop