(ФОТО) Поранешниот потпретседател на САД, а сега противкандидат на Трамп, го посети Зеленски во Киев

June 29, 2023
1 min read

Пенс е првиот кандидат за номинација на републиканците за претседателски избори во 2024 година, кој ја посетил Украина. Тој смета дека САД треба да ја поддржуваат украинската страна наспроти неговиот поранешен шеф, а сега противкандидат во партијата Доналд Трамп кој смета дека е потребно да се преиспита американската поддршка

Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Поранешниот потпретседател Мајк Пенс, кој ја извршуваше функцијата во мандатот на Доналд Трамп, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев за да ѝ даде поддршка на Украина која е нападната од Русија.

Пенс се сретна со Зеленски во претседателската палата и му порача дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина „до победа“ во војната, но и потоа до истерување на правдата.

Покрај во главниот град Киев, Пенс бил и во градовите Буча, Ирпин и Мошун кои во текот на руската инвазија беа жестоко гранатирани од Русија. Тој направил обиколка на разурнатите места, се сретнал со локалното население и положил цвеќе на спомениците на загинатите во војната.

„Слободата ќе победи во Украина и сега повеќе од кога и да е мораме да продолжиме да веруваме во храбрите борци овде во Украина кои се борат за слобода и одвраќање на руската агресија“,

им рече Пенс на новинарите.

Посетата на Пенс на Украина доаѓа во период кога тој е во кампања за освојување на номинацијата на републиканската партија за претседателски кандидат на изборите во 2024 година, за што еден од противкандидатите во внатрепартиската трка му е поранешниот шеф Трамп.

Пенс е првиот кандидат од републиканската партија кој во текот на кампањата реши да ја посети Украина, а посетата доаѓа во атмосфера во која републиканците се поделени околу улогата на САД во војната. Поранешниот потпретседател важи за силен застапник на американската поддршка за Украина и смета дека тоа е во најдобар интерес на САД. Ваквиот став на Пенс го става повеќе во корелација со актуелниот претседател Џо Бајден кој најави кандидатура за реизбор и веројатно од редовите на демократите тој ќе се соочи со кандидатот што ќе го изберат републиканците.

Трамп, кој засега води во анкетите во републиканската партија, пак, смета дека треба да се преиспита американската поддршка за Украина. Сличен став како него има уште еден од кандидатите за номинација на републиканската партија, гувернерот на Флорида Рон Десантис, кој е второпласиран во анкетите додека Пенс засега е на третата позиција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Продолжуваат нередите во Франција: Апсења во Мареј и Лил

Следно

Рама: Политичарите на Косово мора да докажат со дела дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ

Latest from Blog

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop