Франција од вечерва воведува полициски час во регионот каде што избувнаа немири

June 29, 2023
1 min read

Околу 40 000 полицајци ќе се распоредат ширум Франција во очекување на нови немири

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Во францускиот град Кламар, јужно од Париз во регионот Ил де Франс, од вечерва до 3 јули ќе биде воведен полициски час од 21 до 6 часот, соопштија локалните власти.

Полицискиот час има за цел да го воспостави редот по немирите до кои дојде откако претходно оваа недела полицијата уби тинејџер кој не го запре својот автомобил во париското предградие Нантер, објавија властите на Твитер.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен претходно најави дека и ширум Франција, вклучително во Париз, ќе бидат распоредени 40 000 полицајци.

Исто така, и трамваите и автобусите во некои области ќе прекинат да сообраќаат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Со молитва почна протестниот собир на МПЦ-ОА

Следно

Путин започна чистка во војската

Latest from Blog

Функционер во ОН предупредувал на глад во Газа, па останал без работа

Бенџамин Дејвис рече дека раководството на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) не сакало да му го продолжи договорот на позицијата директор на одделот за рурална трансформација и родова еднаквост, пишува „Гардијан“.
Go toTop