Почина актерката на МНТ Емилија Андреева

June 29, 2023
1 min read

На 68-годишна возраст почина актерката на Македонскиот народен театар Емилија Андреева, соопштија од Националниот театар.

Емилија Андреева дипломира на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски актери, во 1977 г. Дел е од ансамблот на Македонски народен театар – Скопје повеќе од 40 години, од 1979 до 2022 година. За време на својата долгогодишна актерска кариера на театарската сцена ги оживеа ликовите на Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Љубената во „Обесеник“ (1979), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Невестата и Гирланда во „Кандид“ (1980), Јевросима во „Војна и мир во Груда“ (1981), Емилија во „Габи“ (1982), Ходел во „Свирач на покрив“ (1983), Саша во „Иванов“ (1984), Евгенија Занданска во „Mazedonische zustände/Македонски состојби“ (1984), Трендафила во „Рамна земја“ (1985), Рипката во „Гуштерица“ (1986), Другарка на Антица во „Антица“ (1988), Нина Заречка во „Галеб“ (1990) и Госпоѓицата Лујза во „Посета на старата дама“ (1990). Играше и во „Вечер на Лундиквист“ (1979), „По претставата“ (1981), „Остен“ (1981), „Стилски вежби“ (2008) и „Троил и Кресида“ (2010). Една од нејзините претстави е и поетскиот монодрамски приказ „Незавршената приказна” (2009), на Градскиот театар и Младинскиот културен центар.

Добитник е на награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, во 1984 г., како и на награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад актер за улогата на Евгенија Занданска во претставата „Mazedonische Zustände“, 1984 г., а двапати е одликувана и со високите признанија на тогашната Југословенска радио и телевизија.

Андреева имаше забележителна улога и во сериите и филмовите: „Курирот на Гоце Делчев“ (1979), „Исправи се, Делфина“ (1977), „Томе од бензинската пумпа“ (1979), „Оловна бригада“ (1980), „Време, води“ (1980), „Цвеќе на карпата“ (1989) и други.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ГРЧКО-МАКЕДОНСКАТА КОПРОДУКЦИЈА „ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО“ ОСВОИ 10 НАГРАДИ НА ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ГРЦИЈА

Следно

(ВИДЕО) Што точно порача германскиот канцелар Шолц синоќа во Берлин 

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop