Покрената истрага против францускиот полицаец што уби тинејџер

June 29, 2023
1 min read

Според досегашната истрага, немало законски услови за употреба на оружје. Снимките од надзорните камери и изјавите на сведоците овозможија реконструкција на околностите, се додава во соопштението за печатот

Државното обвинителство во Франција отвори официјална истрага за убиство од небрежност против полицаец кој застрела тинејџер за време на сообраќајна контрола во близина на Париз.

Според досегашната истрага, немало законски услови за употреба на оружје. Снимките од надзорните камери и изјавите на сведоците овозможија реконструкција на околностите, се додава во соопштението за печатот.

Според обвинителите, 17-годишникот во вторникот наутро возел со голема брзина во Нантер со двајца патници во возилото и преминал на автобуската лента. Првиот обид на двајца полицајци на мотори да го запрат на семафор не успеал.

Младиот човек возел и покрај црвеното светло и продолжил да бега по патиштата, соопштија од државното правобранителство.

Кога малку подоцна полицијата го фатила и го запрела, двајцата го впериле оружјето кон тинејџерот на ниво на возачката врата и побарале да го исклучи моторот.

Кога осомничениот ненадејно тргнал со автомобилот, еден полицаец испукал куршум, се вели во соопштението.

Снимката на мобилен телефон на сведок од инцидентот, потврдена од Франс инфо, покажува како полицаец вперува пиштол кон возачката врата на запрен автомобил.

Кога младиот човек зад воланот ненадејно тргнал, полицаецот пукал од непосредна близина и смртно го ранил.

Убиството предизвика бес и немири во земјата.

Сто и педесет лица се уапсени во Франција по втората ноќ на национални немири, изјави во четвртокот министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин откако сообраќајната полиција застрела 17-годишно момче.

Полициската употреба на смртоносна сила во работничкото париско предградие Нантер против тинејџер, кој има северноафриканско потекло, влијаеше на длабоко вкоренетата перцепција за полициската бруталност во етнички различните населби на најголемите градови во Франција.

Поради немирите, претседателот Емануел Макрон свика кризен состанок на владата. На почетокот на состанокот Макрон рекол дека е неоправдано насилството што се шири низ Франција втор ден по ред откако полицаец застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. Тој рекол и дека фаталното убиството на тинејџерот не е за простување.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Ќе го научиме Западот дека навредувањето на светињите на муслиманите не е слобода на мислење“

Следно

ГРЧКО-МАКЕДОНСКАТА КОПРОДУКЦИЈА „ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО“ ОСВОИ 10 НАГРАДИ НА ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ГРЦИЈА

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни
Go toTop