Покрената истрага против францускиот полицаец кој уби тинејџер

June 29, 2023
1 min read

Според досегашната истрага, немало законски услови за употреба на оружје. Снимките од надзорните камери и изјавите на сведоците овозможија реконструкција на околностите, се додава во соопштението за печатот

Државното обвинителство во Франција отвори официјална истрага за убиство од небрежност против полицаец кој застрела тинејџер за време на сообраќајна контрола во близина на Париз.

Според досегашната истрага, немало законски услови за употреба на оружје. Снимките од надзорните камери и изјавите на сведоците овозможија реконструкција на околностите, се додава во соопштението за печатот.

Според обвинителите, 17-годишникот во вторникот наутро возел со голема брзина во Нантер со двајца патници во возилото и преминал на автобуската лента. Првиот обид на двајца полицајци на мотори да го запрат на семафор, не успеал.

Младиот човек возел и покрај црвеното светло и продолжил да бега по патиштата, соопштија од државното правобранителство.

Кога малку подоцна полицијата го фатила и го запрела, двајцата го впериле оружјето кон тинејџерот на ниво на возачката врата и побарале да го исклучи моторот.

Кога осомничениот ненадејно тргнал со автомобилот, еден полицаец испукал куршум, се вели во соопштението.

Снимката на мобилен телефон на сведок од инцидентот, потврдена од Франс Инфо, покажува како полицаец вперува пиштол кон возачката врата на запрен автомобил.

Кога младиот човек зад воланот ненадејно тргнал, полицаецот пукал од непосредна близина и смртно го ранил.

Убиството предизвика бес и немири во земјата.

Сто и педесет лица се уапсени во Франција по втората ноќ на национални немири, изјави во четвртокот министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, откако сообраќајната полиција застрела 17-годишно момче.

Полициската употреба на смртоносна сила во работничкото париско предградие Нантер против тинејџер, кој има северноафриканско потекло, влијаеше на длабоко вкоренетата перцепција за полициската бруталност во етнички различните населби на најголемите градови во Франција.

Поради немирите, претседателот Емануел Макрон свика кризен состанок на владата. На почетокот на состанокот Макрон рекол дека е неоправдано насилството што се шири низ Франција втор ден по ред откако полицаец застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. Тој рекол и дека фаталното убиството на тинејџерот не е за простување.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ирак бара екстрадиција на Салван Момика, кој го запали Куранот во Шведска

Следно

Пад од три места на ФИФА листата за македонската репрезентација

Latest from Blog

Општина Битола бара доставувачи за решенија и покани за данок на имот

Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање

Петрушевски: Дали по насока на Заев и Филипче е донесен Правилникот за медицински канабис кој дозволува одгледување на марихуана на нива спротивен на Закон?

Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање, рече на денешната прес-конференција

Давидовиќ: Обвинението за „Пулс“ е правно неодржливо за речиси 30 обвинети

Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, адвокатот Звонко Давидовиќ изнесе сериозни забелешки и правни аргументи во врска со судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики на Државниот архив за 2024 година. Врз основа на извршената ревизија,
Go toTop