Се зголемува бројот на жртвите во ракетниот напад во Краматорск, украинските служби уапсиле осомничен соучесник

June 28, 2023
1 min read

Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад во кој загинаа цивили во пицерија во градот Краматорск

Фото: EPA-EFE/National police of Ukraine

Бројот на жртвите во ракетниот напад на комерцијална област во центарот на Краматорск во источна Украина се искачи на единаесет, објави на Фејсбук градоначалникот Олександар Хончаренко. Тој во видеото што го објави на својот фејсбук-профил вели дека спасувачите успеале да ја поделат на делови бетонската плоча од урнатиот објект која постепено се отстранува и се пребарува под урнатините дали има има и други лица. Властите соопштија дека меѓу загинатите има и четири деца, а биле оштетени неколку куќи, продавници, автомобили, неколку згради, вклучително и поштата. 

Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад во кој загинаа цивили во пицерија во градот Краматорск.

Од ССУ наведуваат дека уапсениот живеел во околината.

„Според првите резултати од истрагата, непријателскиот агент е жител на Краматорск, вработен во локална компанија за транспорт на гас“,

се вели во соопштението на веб-страницата на украинската контраразузнавачка служба.

ФОТО: Украинска контраразузнавачка служба

Човекот, објави ССУ, снимал згради и автомобили во близина на пицеријата и ја испратил снимката до руското воено разузнавање, се вели во соопштението.

„Во моментов се преземаат мерки за утврдување на сите околности на кривичното дело и изведба на инволвираниот и другите инволвирани лица пред лицето на правдата“,

додаваат од ССУ.

Руските власти објавија дека во Украина се гаѓале само воени цели, по обвинувањата дека во руски напад уништен е ресторан во Краматорск на истокот од земјата, при што десетици луѓе загинале или се ранети.

„Русија не е насочена кон цивилна инфраструктура, таа ги погодува инсталациите поврзани на еден или друг начин со воената инфраструктура“,

изјави портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков.

Краматорск е голем град во регионот Донецк и една од клучните цели во руското напредување кон западна Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн ја прекина соработката со Катар ервејс

Следно

(ВИДЕО) Извлечени остатоци од подморницата „Титан“

Latest from Blog

Пробиштип субвенционира клими, сончеви колектори и велосипеди – почна пријавувањето за 2026 година

Општина Пробиштип објави три нови јавни повици за субвенционирање на домаќинствата во 2026 година, со цел поттикнување на еколошките навики, заштитата на животната средина и користењето обновливи извори на енергија. Граѓаните од

Доцни исплатата на породилното

Наместо редовна финансиска исплата загарантирана со закон, неизвесност и доцнење. Мајки на породилно отсуство за Телевизија 24 реагираат дека речиси месец и половина им доцни надоместот. Исплатата за мај им била исплатена

Муцунски во Вашингтон на покана од Рубио, ќе учествува на конференција за политичкиот тероризам

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на министерската

ВЛЕН: Каде завршија 9 милиони евра за канализацијата во Зајас?

ВЛЕН обвини дека проектот за изградба на канализациска мрежа во Зајас, финансиран со средства од Европската Унија, е проследен со сериозни сомнежи за злоупотреби и побара институциите да ја прошират истрагата. На
Go toTop