Макрон: Убиството на тинејџерот е непростливо

June 28, 2023
1 min read

Убиството на тинејџерот се случило вчера откако тој наводно не ја послушал наредбата на полицаецот да го запре автомобилот. Кога младиот човек ненадејно излегол од автомобилот, полицаецот пукал и смртно го ранил

Необјасниво и непростливо – ова се зборовите кои ги употреби францускиот претседател Емануел Макрон говорејќи за убиството на 17-годишниот тинејџер од страна на полицаец. Неговата изјава доаѓа откако убиството на момчето синоќа предизвика немири низ париските улици.

„Имаме убиен адолесцент, тоа е необјасниво и непростливо. Ништо не ја оправдува смртта на еден млад човек“,

изјави Макрон и го повика судството да си ја заврши работата.

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Во париското предградие Нантер, каде што живеело момчето, вчера вечер избувнаа немири. За време на тензиите, млади лица запалиле автомобили и фрлале пиротехнички средства кон полицијата, која, пак, одговорила со солзавец. Во немирите се уапсени најмалку 20 лица.

Убиството на тинејџерот се случило вчера откако тој наводно не ја послушал наредбата на полицаецот да го запре автомобилот. Кога младиот човек ненадејно излегол од автомобилот, полицаецот пукал и смртно го ранил.

Полицискиот службеник е приведен поради сомнение за убиство од небрежност.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија: По смртта на две тинејџерки, полицијата предупредува на екстази пилулите „блу панишер“

Следно

Баерн ја прекина соработката со Катар ервејс

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop