Блинкен ги повика Курти и Вучиќ безусловно да го спроведат Бриселскиот договор

June 27, 2023
1 min read

Тие разговарале за дијалогот што го води високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, за деескалација и нормализација на односите меѓу Србија и Косово

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен имал телефонски разговор со косовскиот премиер Албин Курти и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Косовскиот премиер Албин Курти разговарал за ситуацијата во северно Косово со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јавува Анадолија.

Тие разговарле за дијалогот што го води високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, за деескалација и нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Во тој контекст, Курти го информирал Блинкен за билатералната средба минатиот четврток во Брисел „кога трилатералната средба не се одржа поради неподготвеноста на претседателот на Србија“.

Континуирана поддршка

Курти и Блинкен разговарале, како што се наведува во соопштението, „за состојбата во четири општини на северот на Косово, за нови избори на кои мора да им претходи владеење на правото, за насилните екстремисти кои ги нападнаа војниците на КФОР, косовската полиција и новинарите и за тројцата српски потпретседатели во општините Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица“.

Се зборувало и за конфискацијата на оружје и големата количина муниција во автомобил со белградски регистерски таблички, како и за потребата од целосна, доследна и безусловна примена на бриселскиот основен договор.

Курти му се заблагодарил на Блинкен за континуираната и сеопфатна поддршка од САД и го информирал за постигнувањата на Косово на полето на економијата, демократијата и владеењето на правото.

„Двајцата се согласија да останат во редовна и честа комуникација заради мирот и безбедноста на Косово и за нормализирање на односите со Србија“,

се наведува во соопштението по разговорот.

Вашингтон го поддржува планот на ЕУ

Американскиот државен секретар во телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ја поздрави веста за ослободување на тројца припадници на косовската полиција, пренесува Танјуг.

Според Стејт департментот, Блинкен повикал на деескалација на тензиите меѓу двете страни.

Блинкен, исто така, повторил дека одговорните за неодамнешните напади врз членовите на КФОР во северно Косово треба да одговараат и ја нагласил континуираната поддршка на Вашингтон за планот од три точки на Европската Унија.

„Американскиот државен секретар го повика Белград веднаш да преземе чекори за спроведување на обврските од договорот за нормализација на односите со Косово“,

се наведува во соопштението.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кевин Де Брујне ќе го пропушти стартот на новата сезона

Следно

Предавања на Шукарова, Апостолова Баскар и Дуковски на Академија Медитернеа дел Аторе во Лече

Latest from Blog

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16

Проданоски: По повеќе од 40 години, монументалната скулптура повторно се враќа во Прилеп

Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија преку поддршката на 18-тата Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен, со посебен фокус на создавање монументални скулптури. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека

Димитриеска-Кочоска: Нема лиценца без проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на парите

Министерството за финансии продолжува со имплементацијата на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни, со цел воспоставување современа регулатива, посилна контрола
Go toTop